Метастази во црниот дроб
Црниот дроб е најголемата лабораторија во човековиот организам, сместен во стомачната празнина под десниот ребрен лак заштитен со мускулно-скелетни структури. Крвта доаѓа од два извора, артериска крв и крв од ,,порталниот крвоток“, преку кој крвта од цревата богата со сите добри и лоши состојки кои сме ги внеле со храната оди на обработка во црниот дроб. Исто така овој орган има и богато лимфно снабдување. Токму преку овие крвни и лимфни патишта туморските клетки патуваат од еден орган до друг и метастазираат во црниот дроб. Најчести тумори на црниот дроб се метастази од другите органи кои се заболени од карцином. Во некои случаи метастазите во црниот дроб покажуваат постоење на карцином во некој друг орган. Радикалното хируршко отстранување на канцерогените промени на црниот дроб е најефективната терапија.
Фимоза – чест проблем кај машките деца
Фимозата претставува отежнато или целосно оневозможено повлекување на кожичката преку машкиот полов орган. Оваа состојба може да биде вродена или стекната и ги загрижува родителите за тоа како треба да се грижат и кога да побараат стручна помош.
Дијагноза
Дијагнозата се поставува од педијатар нефролог уште на самото раѓање. Најчесто кожичката на половиот орган е делумно затворена, но има и случаи кога таа е целосно затворена или отворот е скоро како врв од игла. Тогаш треба веднаш да се интервенира со изведување на катетеризација, со што се овозможува бебето лесно да мокри. Потоа се остава постепено самата кожичка да се одвои, што може да се случи на 4-5 годишна возраст.
Зголемената жед е еден од првите знаци на дијабетесот
Дијабетесот е една од најчестите болести денес. На почетокот симптомите се суптилни и невидливи и речиси еден од тројца луѓе воопшто и не знаат дека го имаат. Оваа хронична состојба го спречува телото да ги користи јаглехидратите во храната, а крајниот резултат е покачување на нивото на шеќер во крвта. Со текот на времето вишокот на шеќер во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, губење на видот, оштетување на нервите и органите и други сериозни пореметувања.
Дали сте кандидат за дентални импланти?
Без разлика дали забите сте ги загубиле поради дентални инфекции, кариес, несреќа или повреда, имплантите се револуција во стоматологијата, идеално и долготрајно решение кое се користи кога треба да се надомести eден или повеќе заби. Тие се биокомпатибилни, ја подобруваат функцијата и естетиката, и што е најбитно ќе ги чувствувате како вашите заби. На овој начин повторно ќе си ја вратите вашата насмевка.
Дијагностицирајте ја навреме тромбозата
Длабоката венска тромбоза подразбира згрутчување на крвта кое се развива во некоја поголема вена, обично во вените на нозете, во потколениците или натколениците. Со ова заболување секојдневно се соочуваат многу луѓе, а не е за потценување ни стапката на смртност.Фатални последици има доколку тромбот стигне до белите дробови или срцето.
Спондилоза – болест на современиот човек
Долгото и неправилно седење пред компјутер, дома или на работното место, често предизвикува болка во грбот. Оваа болка е еден од најчестите здравствени проблеми и нема човек кој не се пожалил од неа.
Спондилоза – болест на „седечкиот човек“
Спондилозата е дегенеративно заболување на ‘рбетниот столб и најчестото се јавува кај луѓето кои долго време седат. ‘Рбетот е составен од прешлени кои меѓусебно се поврзани со зглобови, а разделени се со меки дискови. Оваа целина го прави ‘рбетот флексибилен и прилагодлив, а прешлените и меките делови се еден вид стабилизатори кои ги апсорбираат стресот и вибрациите кои се формираат кога човекот се движи.
Како до совршена насмевка?
Сакале да признете или не со текот на годините вашите заби освен што го менуваат изгледот ја менуваат и бојата. Но, тоа не значи дека треба да се помирите со реалноста, да ја прифатите таква каква што е и постојано да ја криете својата насмевката. Многу малку луѓе имаат бисерно бели заби. Но, со развојот на стоматологијата совршената насмевка денеска е достапна секому. Еве дел од стоматолошките процедури со кои ќе имате насмевка од соништата:
Живот со астма
Доколку се избегнуваат причините што ја предизвикуваат, астмата може да биде ставена под контрола и да се овозможи нормална работа на дишните патишта. Астма имаат и мегапопулрните спортисти Дејвид Бекам и Новак Ѓоковиќ, но овој здравствен проблем никогаш не влијаел врз нивните игри и успеси.
Храна богата со здрави масти
Незаситените масни киселини се основа за здравјето на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем. Помагаат во намалувањето на лошиот холестерол, ја подобруваат функцијата на мозокот, го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта. Бидејќи организмот не може сам да ги создаде, потребно е да ги внесувате преку исхраната. Прочитајте која храна во својот состав содржи „добри“ масти кои делуваат позитивно на вашето здравје.
Витамин Д за силни коски и имунитет
Ако летниот период беше одличен за „крадење“ на сончевите зраци и зголемување на нивото на витаминот Д, есенските и зимските денови го губат најважниот извор на овој витамин. Знаеме дека витаминот Д е од голема важност, но што всушност прави тој и во колкава мера ни е потребен ? Последните истражувања даваат акцент на значењето на овој витамин во развојот на мозокот.
Витаминот Д помага организмот полесно да го апсорбира калциумот и преку тоа има значајна улога за густината и цврстината на коските. Бројни истражувања покажуваат дека витаминот Д помага во регулацијата и создавањето на клетките одговорни за имунитетот со што влијае врз целиот имун систем. Недостигот на овој витамин може да предизвика слаби и лесно кршливи коски како и намалена мускулна сила кај повозрасните.