Што се фисури и како се третираат?
Голем дел од пациентите непријатните симптоми – болки, крвавења и чешање во аналната област ги препишуваат на хемороидите, но има и уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини (фисури). Аналните пукнатинки се мали расцепи во пределот на анусот. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели.
Секој залак џвакајте го 10 пати
Се вели дека колку подолго, толку подобро бидејќи одлично е за варењето на храната и затоа секој залак џвакајте го повеќе од вообичаено.
Трудниците многу често својата состојба ја користат како изговор за прекумерно внесување на храна и зголемената телесна тежина. За да ги избегнете овие компликации како од естетски така и од здравствен аспект хранете се здраво и не се прејадувајте.
За здраво женско срце
Срцевите заболувања често се сметаат за машки проблем, но статистиката покажува дека на светско ниво поголем е бројот на жени кај кои се дијагностицирани срцеви заболувања отколку мажи. За среќа можете да преземете неколку чекори и да го намалите ризикот од срцеви заболувања. За најчестите ризик фактори кај жените, но и третманот и лекувањето на женското срце разговаравме со кардиолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Сè што треба да знаете за тенко-иглената биопсија
Тенкоиглената аспирациона биопсија (FNAB – fine needle-aspiration biopsy, eng.) е техника со која се пунктираат мекоткивни тумори во различни делови на телото со помош на игла под дејство на вакуум. Со оваа техника се овозможува да се добијат доволно клетки кои патологот ги проследува за цитолошка, односно микроскопска анализа. На тој начин се поставува ориентациона дијагноза како што е воспаление, бенигни тумори, циста или канцер.
Дали менопаузата може да биде причина за карцином на дојка?
Жените по 55. година, кога влегуваат во периодот на менопауза, имаат поголем ризик од карциним на дојка, јајчници или на матка. Шансите се поголеми доколку жената добила циклус пред 12. година или доколку влегле во менопауза по 55. година. Причината за ова е што овие жени подолг период се изложени на овулации и хормонот естроген. Дали менопаузата може да биде причина за карцином на дојка одговараат докторите од Центарот за дојка од Клиничката болница “Аџибадем Систина”.
Холестерол, липопротеини и липиди во крвта
Холестеролот е масна супстанција која во најголем дел се произведува во телото. Ја создава црниот дроб од заситените масти внесени преку исхраната. Холестеролот игра важна улога во функционирањето на секоја клетка во телото. Тој претставува и основна материја од која телото создава други потребни материи. Но премногу холестерол во крвта може да го зголеми вашиот ризик за коронарна срцева болест!
Cistet dhe tumori i vezoreve
Roli i vezoreve është i dyfishtë: riprodhues dhe endokrin. Në ato krijohen dhe piqen qelizat vezë femërore riprodhuese, ndërsa në të njëjtën kohë vezoret i krijojnë edhe hormonet gjinore femërore.
Cistet paraqesin qese të mbushura me lëng. Ekzistojnë lloje të ndryshme të cisteve, prej të cilave më të shpeshta janë cistet funksionale, të cilat krijohen gjatë ovulimit (me rritjen e folikuleve). Llojet tjera të cisteve i përfshijnë:
Цисти и тумор на јајчници
Улогата на јајчниците е двојна : репродуктивна и ендокрина. Во нив се создаваат и созреваат женските репродуктивни јајце клетки, а воедно јајчниците ги создаваат и женските полови хормони.
Цистите претставуваат ќесички исполнети со течност. Постојат различни видови на цисти, од кои најчести се функционалните цисти кои се создаваат за време на овулацијата (со растењето на фоликулите). Други видови цисти вклучуваат:
Внимателно со шеќерот
Шеќерот стигнува до секоја клетка на мозокот, при што мозокот го прифаќа како „награда“. Затоа и кај вас се јавува желбата постојано да каснете нешто благо. Доколку припаѓате на групата луѓе кои се зависни од јадење благо прочитајте ги вистините за шеќерот и совети како да ја намалите зависност од благиот вкус.
Неоткриени мани на срцето може да доведат до смрт во сон
Интервју Д-р Салис Таџер, кардиохирург во клиничката болница „Аџибадем – Систина“
Смртта на 15-годишниот кошаркарски репрезентативец предизвика шок во јавноста – како може толку млади деца кои се спортисти да починат така ненадејно. Па, колку често се случуваат состојби на ненадејна смрт кај млади луѓе до 18 години кои спортуваат?