Бојадисување на косата во бременоста

Едно од често поставуваните прашања кај трудниците е дали и каква козметика треба тие да употребуваат во текот на својата бременост. Стручните лица препорачуваат дека во текот на првите 3 месеци треба да се воздржите од боење на косата или, пак, да користите привремени бои за косата кои не продираат подлабоко. Исто така, може да употребите растителна боја за коса, кна или едноставно само да го промените обликот на фризурата. 

Испитувањата покажале дека изложеноста на хемикалиите кои ги има во бојата на коса за време на бременоста можат да доведат до појава на вродени мани кај децата.

Доколку не можете да се откажете од боењето на косата, обидете се да направите перчиња со помош на фолија. Доколку вашиот фризер е доволно внимателен, нема да дозволи бојата за коса да дојде во допир со кожата.  

Просторијата каде што се бојадисувате треба да биде добро проветрена. Мирисот на боја може да предизвика вртоглавица или гадење кај бремените жени. Доколку се појават некакви несакани компликации, неопходни се консултации со стручните лица.

Внимавајте, во текот на бременоста косата се менува поради хормоналните промени, можно е и да не ви одговара старата боја за коса која сте ја користеле претходно.

Затоа слободно посетете го вашиот фризер и разубавете се! Трудни сте и прекрасни, се наоѓате во преубав период од својот живот и вашата коса нека го говори тоа што и вашето тело.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!