Болки во грбот


Болката во грбот е најчеста болка на современиот човек. Колку пати не сте можеле да станете од кревет или да седите на столче сè од една единствена причина - болка во грбот. Речиси секој современ човек денеска страда или почувствувал болка во грбот. 

Најчесто таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка. Олеснителна околност при овој глобален проблем е што по првата епизода на болки во грбот, може да се превенираат или олеснат понатамошните тегоби.

Болката во грбот е најчеста болка на современиот човек. Колку пати не сте можеле да станете од кревет или да седите на столче сè од една единствена причина – болка во грбот. Речиси секој современ човек денеска страда или почувствувал болка во грбот. 

Најчесто таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка. Олеснителна околност при овој глобален проблем е што по првата епизода на болки во грбот, може да се превенираат или олеснат понатамошните тегоби.

Типови на болка во грбот

Кога зборуваме за болка во грбот најчесто се мисли на болка во  лумбалниот долниот дел од ´рбетниот столб (крстот), но таа може да биде лоцирана по целата должина на ´рбетот. Па така, зборуваме за болка во вратот која може да се шири кон двете раце, болка покрај плешките и градниот кош, вкочанетост во половината со болки по должина на нозете и сл. Независно од тоа во кој дел од ´рбетот се јавува болката повеќето имаат заеднички симптоми:

–       Мускулна болка и вкочанетост,

–       Прободувачка остра болка при одредени движења,

–       Ограничена подвижност на регијата,

–       Неможност за исправено стоење или седење,

–       Болка која се шири по должина на рацете или нозете.

Причини за болки во грбот

Во повеќето случаи, болката во грбот не е последица на сериозни оштетувања на ´рбетниот столб. Долготрајната несоодветна положба на телото, неконтролираните и нагли движења, подигање товар, поддржано од слабата физичка кондиција доведуваат до истегање на грбната или ´рбетната мускулатура, вклештување и иритација на спинален нерв.

Различните степени на хернијација на меѓупршленските дискови, остеоартритисот, како и остеопорозата може да се една од причините за појава на болки во грбот. Доколку болката трае повеќе од 1-2 дена и нејзиниот интензитет не се намалува, неопходна е консултација со вашиот лекар. По извршениот преглед и клинички тестови доколку е потребно се прават  дополнителни испитувања: рендген, магнетна резонанса или електромиографија.

Физикална терапија и кинезитерапија

Првиот чекор за намалување на болката во грбот е со медикаменти: аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови и миорелаксанси. Повеќето истражувања покажале дека користењето медикаменти и мирување подолго од неколку дена не ја намалуваат болката во грбот. Затоа е потребна физикалната терапија и кинезитерапијата, кои се ординираат и се спроведуваат од соодветни медицински лица, специјалист по физикална медицина и физиотерапевт.

Физикалната терапија користи широка палета на методи, како ултразвучна терапија, електротерапија, радиофреквентна термотерапија, мануелни техники кои доведуваат до релаксација на грбната мускулатура и намалување на болките. Откако болката ќе се намали се започнува со кинезитерапија (медицински вежби). Терапевтот постепено воведува соодветни специфични стречинг  вежби  (за истегнување) чија цел е да се подобри флексибилноста на мускулатурата на грбот и абдоменот, а со тоа да се коригира комплетниот став на телото.

Стој мудро, седи мудро, подигај мудро

Континуирани вежби, одредени од лекар и терапевт, одржување на телесна тежина, физички активности, го намалуваат ризикот од повторување на болките во грбот. Стречинг вежбите, пешачењето и пливањето се добар избор за одржување на флексибилноста на телото. Следете ги правилата: стој мудро, седи мудро, подигај мудро. Со овие правила  ќе си  го олесните секојдневното функционирање, па и покрај непријатната епизода на болки во грбот ќе овозможат непречен животен ритам.
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!