Дали имам болки во грбот или во колкот?

Понекогаш болките во грбот можат да се прошират во пределот на колкот. Најчесто, болките во пределот на колковите и долниот дел на грбот се резултат на истрошеност на одредени делови на телото.

Понекогаш болките во грбот можат да се прошират во пределот на колкот. Најчесто, болките во пределот на колковите и долниот дел на грбот се резултат на истрошеност на одредени делови на телото.

Кога се сомневаме во проблеми со колкот?

Зачудувачки е податокот дека колкот обично предизвикува силна болка во пределот на крстот, најверојатно, бидејќи загрозениот зглоб се наоѓа во непосредна близина на ’рбетот.

Докторите велат дека болката во крстот најчесто е резултат на проблеми со колкот, сè додека не се докаже спротивното.  Болката над половината не е поврзана со колкот.

Најчестата причина за болки во колковите е остеоартритис на зглобот на колкот. Можно е да имате артритис на колк доколку:

–          Постои болка во препоната која се шири до коленото

–          Имате болки во крстот

–          Непријатното чувство се појавува и исчезнува, и тоа се случува сè почесто со тек на време

–          Болката станува сè посилна при станување, пешачење и друга активност и се ублажува додека одморате.

–          Чувствувате напнатост и неудобност

–          Неправилен од  (кривење на едната нога)

Аваскуларна некроза (AVN) е сериозна состојба во која изумира главата на надколеницата. Болката е силна и е позачестена од онаа која е предизвикана од остеоартритисот.

Кога виновник е ’рбетот?

Најголемиот дел од проблемите поврзани со долниот дел на грбот се резултат на дискус хернија која притиска на нервите кои излегуваат од ’рбетниот мозок. Оваа состојба прави болка позната под името ишијас, а може да се почувствува и на колкот. Можно е да имате дискус хернија доколку:

–          Болката е ограничена на грбот, задникот или колкот

–          Грчење и трнење на ногата

–          Се влошува при седење или превиткување

–          Се подобрува додека пешачите или стоите

Доколку се потите навечер, вие или некој член на вашето семејство сте имале канцер, или, пак, болката не ви престанува подолг период, посетете доктор, проблемот може да биде многу посериозен.

Кај некои луѓе можат да се појават проблеми и со колкот и со долниот дел на ’рбетот истовремено. Ова не е ретка појава бидејќи како поминуваат годините, остеоартритисот и промените во ’рбетот се сѐ позачестени.

Први чекори кои треба да ги направите за да ја намалите болката во колкот:

–          Најпрвин посетете го вашиот доктор. Тој ќе ви препише соодветна терапија која би вклучила  анти воспалителни лекови.

–      Намалете ја телесната тежина. Екстра килограмите само можат да ви ја влошат состојбата и да ја зголемат болката. Губењето на килограмите најчесто ги намалува симптомите во фазата кога не е потребна хируршка интервенција. Исто така, доколку загубите некој килограм плус, се зголемува стапката на успешност на хируршката интервенција доколку има потреба од неа.

Први чекори кои треба да ги направите за да ја намалите болката во грбот:

–          Посетете го вашиот доктор и бидете активни. Тој ќе ви ја препише соодветната терапија и, најверојатно, ќе ви каже да останете активни.

–        Доколку болката сè уште трае и по две седмици, тогаш посетете физијатар. Со помош на физикална терапија ќе успеете да ги зајакнете мускулите кои служат како главна потпора на ’рбетот.

–          Намалете ја вашата телесна тежина и оставете ги цигарите. Одржувањето на здрава телесна тежина или губењето килограми, доколку е потребно, ќе го намали притисокот во ’рбетот. Исто така, важно е да ги оставите цигарите. Никотинот влијае на микроциркулацијата, па така ’рбетот многу побрзо дегенерира.

Доколку навистина имате проблем да ја лоцирате болката, посетете специјалист по трауматологија или ортопедија. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!