Перифернaта артериска болест е растечки феномен во светски рамки. Се проценува дека од оваа состојба страдаат 27 милиони луѓе во Европа и Северна Америка, а жените се први на удар. Станува збор за чест циркулаторен проблем при што доаѓа до нарушување на физиолошките процеси на внатрешната обвивка на артеријата (ендотел) со нејзино оштетување и таложење масни наслаги и последователно стеснување на крвниот сад. Ако стеснувањето на крвниот сад е доста изразено, што се случува со прогресија на болеста, доведува до намалување на протокот на крв низ самиот крвен сад и евентуално понатамошно затворање или оклузија.
БЕЗ НАВРЕМЕН ТРЕТМАН, БОЛЕСТА Е ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА
Пациентите со периферна артериска болест најчесто се јавуваат на лекар кога ќе почувствуваат болки во нозете за време на физички напор, а во поодмината фаза болеста дава болка во нозете и при мирување. Како компликации поради недоволната снабденост со кислород и хранливи материи на нозете, можна е појава на воспаленија и рани (лезии) на кожата на ногата, улкуси и гангрена. Доколку правилно не се третира, оваа состојба може да биде животозагрозувачка, а една од најчестите последици е ампутација на екстремитетот. Современата медицина денес наоѓа решенија и за најкомплексните состојби, а новите процедури за работа овозможуваат побезбеден третман. Во таа насока, д-р Слободан Антов, интервентен кардиолог, ги посочува предностите на трансрадиjалниот пристап (ТРП) наспроти трансфеморалниот пристап (ТФП), неговата безбедност и ефикасност во третирањето на периферните артериски заболувања. „Сè до пред неколку години перкутаните интервенции на коронарните и периферните крвни садови беа изведувани со користење на феморалната артерија. Трансфеморалниот пристап (ТФП) е потежок и попроблематичен поради честите компликации што произлегуваат од самиот пристап, тешко периферно васкуларно заболување, дебелина или слаба поддршка од контралатералниот пристап кога илијачната артерија е во непогодно растојание (4,5). Важноста на васкуларниот пристап е поради тоа што тоа е најважна причина за крвавење и компликациии по перкутаните интервенции. Ризикот од компликации со крвавење при трансфеморалниот пристап движи во ранг од 2% до 12%, знаејќи дека крвавењето ја зголемува можноста на смртност“, објаснува д-р Антов.
За да биде безбедно и без компликации, изведувањето на интервентните процедури на крвните садови, од голема важност е интервентниот кардиолог да има добро познавање на нормалната анатомија, како и возможните абнормалности на радијалната артерија.
ДИЈАБЕТЕСОТ – ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА АРТЕРИСКА БОЛЕСТ
Атеросклерозата на крвните садови во организмот е процес што се јавува со тек на неговото стареење. Се смета дека ризикот е два до трипати поголем кај пациентите со дијабетес и нарушувања на метаболизмот на мастите. Останатите ризик-фактори вклучуваат и пушење, висок крвен притисок, отсуство на редовна физичка активност, прекумерна телесна тежина.
ПРЕДНОСТИ НА ТРАНСРАДИЈАЛНИОТ ПРИСТАП
Трансрадијалниот пристап покажува голем број предности, особено за пациенти кои се подложени на периферни интервенции поради неколку причини: y Се овозможува полесен пристап и хемостаза, особено кај пациентите со прекумерна тежина и е неспоредно поедноставен бидејќи радијалната артерија е површна артерија и е полесна за компресија. y Намалени крвавења и компликации и намалена потреба од трансфузија на крв. y Овој пристап овозможува побезбедни резултати, полесно проодување и испишување на пациентот во истиот ден, со што се подобрува комфортот и се намалува стресот кај пациентот со што се зголемува неговата сатисфакција. y Се елиминира компресијата (притисокот) на феморалната артерија по процедурата, при што се превенира исхемија или тромбоза. Овие минимално инванзивни техники со специјална опрема што се користи при интервенциите и подобрени искуства на лекарите во овој пристап покажуваат намалена стапка на смртност за разлика од смртноста кај класичната хирургија.