Вегетаријански рецепт – Боранија со нане и фета сирење

Потребни состојки :

- 500g боранија
- 3 лажици маслиново масло
- 4 лажици сечкано нане
- кора од 1 лимон
- сок од 1 лимон
- 1/2 чаша фета сирење
- малку сол и бибер

sistina

Потребни состојки :

– 500g боранија
– 3 лажици маслиново масло
– 4 лажици сечкано нане
– кора од 1 лимон
– сок од 1 лимон
– 1/2 чаша фета сирење
– малку сол и бибер

Начин на подготовка:

Боранијата се вари околу 5 минути во солена вода, а потоа се процедува. Во боранијата  се додава маслиновото масло, нането, ситно исечканата кора од лимон и сокот од лимон и парчињата фета сирење. Додадете сол и бибер по вкус, добро промешајте и сервирајте.  Уживајте во салатата со овој нискокалоричен зеленчук кој во просек содржи 90% вода, и во 100 грама боранија има само 42 калории, 2,2 грама протеини, 0,2 грама масти и 7,6 грама јаглени хидрати. Богата е и со многу минерали и витамини. Во 100 грама боранија има 52 милиграми калциум, 45 милиграми фосфор, 0,7 милиграми железо, манган, кобалт, никел, цинк и многу други микроелементи. Содржи и каротин (провитамин А), витамини Б1, Б2, Б6, Ц и Е.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!