Бременоста е динамичен процес и доколку попушти функцијата на грлото на матката и започне отворање или скратување на истото, тогаш треба да се направи серклаж по вагинален пат. Трансабдомионалниот серклаж е единствено решение за оние жени кои немаат грло на матката.
Оваа интервенција која се препорачува кај пациентки кои на кои им недостига грлото на матката или кои имаат сосема мал дел од грлото на матката. За бременоста со ампутирано грло на матка и за новата метода трансабдомиланелн серклаж разговаравме со гинекологот д-р Никола Панчевски.
Прекарциномските промени на грлото на матката
Една од основните дејности на секоја гинеколошка служба е да ги реализирана превентивните прегледи на територијата на која опстојува. Во Република Макединија од година во година расте процентот на женската популација која е опфатена со скрининг програмите , или поедноставно кажано во пораст е бројот на направените ПАП-тестови. Заради зголемениот број на тестирани жени, навидум се зголемува и инциденцата на преканцерози. Битно е да се намали бројот на жени со инвазивен карцином. Целта на овие скрининг програми е да се откријат промените на грлото на матката на ниво на преканцерози, кога во целост можеме да ги санираме или излекуваме.
Отстранување дел од грлото на матката
Промените на грлото на матката се потврдуваат со земање на биопсија и хистолошка анализа. Постојат реверзибилни промени (познати како ЦИН 1 и ЦИН 2) и иреверзибилни (познати као ЦИН 3 и карцином ин ситу). Секогаш кога имаме наод во прилог на иреверзибилни промени, мора да се отстрани дел од грлото на матката. Од исклучителна важност е оперативната техника која ќе се употреби. Современи пристапи се електро-ексцизии и конизација со ултразвучен скалпел, додека класичната конизација е техника која е напуштена.
Дали потоа жената може без проблем да забремени?
Др. Панчевски советува извесен временски период по интервенцијата да не забременува. Откако ќе се направат постоперативните контроли, нема никаков проблем жената да забремени, се разбира доколку интервенцијата е направена коректно и доколку не постои некој друг проблем кој е причина за неплодност. Би сакал да потенцирам дека вродени аномалии на матката доколку постојат, мора да се третираат претходно.
Постои ли ризик во бременоста кај трудниците кои го оперирале грлото на матката?
При самата операција, гинекологот треба да биде максимално штедлив, односно да отстрани што е можно помал дел од грлото на матаката. Во тој случај, нема зголемен ризик во бременоста. Но, доколку е отстранет голем дел од грлото на матката или речиси целото, тоа значи дека ќе биде нарушена функцијата на грлото на матката во тек на бременост, што резултира со спонтани абортуси во вториот триместар, предвремено прскање на воденикот и предвремено породување. Или заедничко за сите овие компликации би било губење на плодот, односно неуспешна бременост. Ваквите исходи предизвикуваат вознемиреност и разочараност кај брачните партнери.
Трансабдоминален серклаж
На пациентките кои имаат ваков проблем, им се препорачува новата метода трансабдоминален серклаж. Интервенцијата се изведува или со лапароскопски пристап или со класично отворање на стомакот. Целта на оваа интервенција е да се постави нересорптивна трака на делот каде се спојуваат грлото на матката (кое недостасува) и самата матка. На тој начин се креира потпора со која се превенираат компликациите, односно се обезбедуваат услови за успешна бременост со која добиваме доносено новородено, подготвено за живот вон матката.
Зошто се препорачува?
Оваа интервенција се препорачува кај жени на кои им недостасува грлото на матката или кои имаат сосема мал дел од грлото на матката. Всушност, и главната разлика во однос на вагиналниот серклаж е дека нема ткиво од грлото на матката за да се постави вагинален серклаж, или потпора по вагинален пат. Трудниците кои имаат анатомски нормално грло на матката се следат и контролираат во текот на бременоста. Бременоста е динамичен процес и доколку попушти функцијата на грлото, односно почне отворање или скратување на истото, тогаш треба да се направи серклаж по
вагинален пат. Трансабдомионалниот серклаж е единствено решение за оние жени кои немаат грло на матката.
Кога се препорачува?
Освен кај оперирани жени од грло на матка, оваа интервенција се препорачува и кај жени кои претходно имале неуспешни бремености, и покрај тоа што бил направен вагинален серклаж, еднаш или повеќекратно. Тоа значи дека кај нив се случува нешто што докрај не е разјаснето, а е поврзано со квалитетот на ткивото на грлото на матката. Ова се многу ретки случаи.
Кога се изведува и постои ли ризик за плодот?
Најдобро е интервенцијата да се направи кога жената не е бремена, исклучително во првите неколку недели, но никако по 11-та недела од бременоста. Се препорачува лапароскопскиот пристап кој има предност, заради пократкото време на хоспитализација и рековалесценција. Во минатото имаше многу комликации, но денес работите се многу јасни и оваа интервенција е безбедна и по жената, но и по фетусот.