Брз и безбеден медицински транспорт

Современо возило комплетно опремено за сите видови на траснпорт, специјализизран тим доктори, достапност 24/7, транспорт на критични новороденчиња во земјава и надвор. Прочитајте ги главните карактеристики на медицинскиот транспорт во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Современи возила специјализирани за квалитетен транспорт

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со две современо опремени болнички возила по највисоки медицински стандарди, со кои може да се изврши медицински транспорт на пациенти со најразлични здравствени проблеми. Тоа се возила во кои е вградена висококвалитетна опрема за мониторинг, кислородна поддршка, респиратор, инфузомати и перфузори за контролирано давање течности и поддршка на кардиоваскуларниот систем. Во зависност од потребата постојат и специјално опремени торби со адекватни лекарства, средства за имобилизација и завоен материјал кои би биле потребни во зависност од здравствената состојба на пациентот.

Професионален тим на доктори

Секогаш тимот се формира врз основа на податоците кои се добиваат за возраста на пациентот, здравствената состојба, состојбата на свест и ургентноста за самиот транспорт. Најчесто транспортот го вршат лекар, медицинска сестра и болничар, покрај возачот на болничкото возило. Доколку се работи за педијатриски пациент, особено ако е новороденче или доенче транспортот го врши педијатар понекогаш со користење на инкубатор кој се носи во комбето. Доколку се работи за пациент со кардиоваскуларни проблеми честопати транспортот го врши кардиолог. Најчесто во најголем број случаи кога се работи за критично болни пациенти, хемодинамски нестабилни, со нарушена свест и нарушена респирација, политрауматизирани, транспортот го вршат анестезиолози и анестетичари. Во тој случај пациентите имаат потреба од респираторна поддршка со вентилатор, комплетен честопати инванзивен мониторинг, стимулација и одржување на хемодинамските параметри.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е 24 часа отворена за здравствените услуги на своите пациенти. Секој оној кој има потреба од ваков тип медицинска услуга, може да исконтактира со нашиот ургентен центар. Се земаат анамнестички податоци за пациентот, неговата здравствена состојба, каде се наоѓа пациентот и до каде е потребен транспортот. Разговорот секогаш го прават стручни медицински лица кои најадекватно можат да одредат на кој начин и кој може да го изврши медицинскиот транспорт.

Транспорт на пациенти надвор од земјава

Медицинските транспортни возила се комплетно опреме- ни да извршат транспорт на пациент како во самиот град Скопје, другите градови низ републиката, така и надвор од државата, честопати во Косово, Грција, Бугарија, Србија. Во зависност од кондицијата на пациентот се вршени транспорти на пациенти во и од соодветни установи во Турција, Австрија, Германија и Италија. Главно треба да се знае дека во најголем број случаи, особено кога треба да се транспортира пациент на подолга релација, е потребно време да се организира медицинската екипа и сета дополнителна опрема за безбеден транспорт. Во интерес на времето и пациентот се гледа тие подготовки да бидат завршени во најкраток можен рок.

Транспорт на тешко болни новороденчиња

Санитетските возила се целосно опремени и прилагодени за транспорт на деца и новороденчиња. Покрај тоа, на располагање е и нов модел на транспортен инкубатор со респиратор, комплетен мониторинг систем и систем за континуирана венска терапија. Можност за самостојно одржување на телесната температурата на новороденчето, како и независна апликација на кислород за време на транспортот. За најтешко болните новороденчиња кои имаат потреба од респираторна поддршка, располага и со најсовремен транспортен респиратор за механичка вентилација на новороденчиња и деца со тежина до 10 кг. Со еден збор, се работи за вистинска мобилна единица за интензивна нега на новороденчиња, која може да ги задоволи потребите за пренесување на тешко болните новороденчиња по сувоземен пат на далечина до 400 км. Медицинскиот тим го сочинуваат четворица лекари и четири сестри посебно обучени и со долгогодишно искуство во изведување санитетски транспорт на тешко болни новороденчиња.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!