Инфекциите кои се појавуваат во бременоста можат да поминат незабележано, но можат и да направат оштетувања како на плодот така и на здравјето на идната мајка. За тоа потребно е навреме да се дијагностицираат и лекуваат. Ако не се лекуваат може да доведат до спонтан абортус, предвремено породување, инфекции и сепса кај плодот или да доведат до нарушување во развојот на органите и сетилата кај плодот и да дадат конгенитални аномалии. Според д-р Јорданчо Иванов, гинеколог акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, промените кои настануваат во организмот на мајката, како хормонални така и физички, се причина за зачестено јавување на некои инфекции.