Запек кај бебињата
Запекот кај бебињата честопати претставува знак за аларм и паника кај родителите. Честопати, не знаејќи што да направат, прашуваат на блоговите и добиваат најразлични совети кои не секогаш се правилни. Кај ексклузивно доените бебиња, запекот не претставува никаков здравствен проблем бидејќи мајчиното млеко во најголем дел се искористува целосно од организмот.