Зошто го губиме апетитот кога сме болни?
На сите ни е добро позната ситуацијата кога телото ќе се предаде на вирусите и бактериите, па во моментите кога му е потребна најмногу енергија и хранливи состојки, едноставно остануваме без апетит и гладуваме. Тогаш дури и највкусната и омилена храна го губи својот вкус.
Една поговорка вели јади кога си настинат, а гладувај кога имаш температура, додека, пак, експертите сметаат дека ниту гладувањето, ниту прејадувањето нема да го забрзаат процесот на заздравување.