5 прашања и одговори за ХПВ инфекцијата
1. Што е ХПВ инфекција?
Гениталната ХПВ инфекција е полово пренослива болест предизвикана од хуман папилома вирусот. Името се однесува на група вируси со повеќе од 100 типови, од кои повеќе од 30 се полово преносливи. Кај повеќето кои се инфицирани од ХПВ не се јавуваат никакви симптоми, а инфекцијата поминува сама од себе. Типовите на вирусот кои покажуваат сериозни абнормалности на пап тестовите се нарекуваат „типови од висок ризик“. Инфекцијата од овие типови може да доведе до развој на карцином на грлото на матката, вулвата, анусот или пенисот. Другите типови на ХПВ кои обично не предизвикуваат некои посериозни цитолошки нарушувања ги нарекуваме типови од „низок ризик“.