Храна која создава главоболки
Дали сте знаеле дека причина за главоболка може да биде и одреден вид храна? Понекогаш главоболките можат да бидат толку јаки и интензивни, па ќе мора да се откажете од секојдневните активности да останете дома. Причина за главоболка може да бидат одредени видови храна и пијалаци кои содржат посебни состојки како што се тирамин и деривати на глутаминска киселина. Овие состојки кај луѓето кои се склони кон главоболка може да предизвикаат ненадејни напади. Вакви состојки има во силното ферментирано сирење, црвеното вино, понекогаш чоколадата, сувото овошје и белото вино. Дополнителна причина за главоболка може да биде и доколку нив ги консумирате во лето, кога е многу жешко. Освен набројаните видови храна, главоболка може да се појави и од млекото, јајцата и аперитивите.