Храна која согорува повеќе калории
Дали знаете дека постои храна која доколку ја конзумирате, организмот за нејзината преработка ќе потроши многу повеќе калории отколку што вие ќе внесете? Да, токму оваа храна содржи таканаречени негативни калории. Оваа „магична храна“, како што ја наречуваат, можете постојано да ја јадете без да се грижите за вашата линија.
Ако на пример изедете јаболко, кое содржи 85 калории, на организмот ќе му требаат околу 120 калории да го преработи, што значи телото ќе повлече залиха од 35 калории, а вие ќе слабеете јадејќи!