Целулитот е најголемиот непријател на секоја жена, кошмар кој на кожата ѝ дава дупчест и нерамен изглед обично во пределот на бутовите, стомакот и задникот. Настанува под влијание на многу фактори, генетски, дејство на хормони, недоволен внес на вода, неправилна исхрана, недостиг на физичка активност. Решение за овој проблем е сокот од цитрусно овошје и ѓумбир. Овој сок освен што ќе ве разлади и освежи во жешките летни денови, ќе ви помогне побрзо да се ослободите од целулитот.
Потребни состојки:
– 1 голем цитрон
– 2 портокала
– ¼ лајм
– ½ лажичка ѓумбир
– лед
Начин на подготовка:
Исцедете ги цитронот, портокалите и лајмот во една чаша. Додајте го ѓумбирот. Измешајте убаво, и на крајот ставете лед колку што сметате дека ви е потребно за да се разладите. Освен што ќе ве разлади, овој пијалак ќе ви помогне и во борбата со целулитот.