Повеќето жени го имаат на бутовите, задникот или стомакот. Целулитот е нормална појава, но ако ви пречи можете да преземете чекори за да го спречите.
Вежбајте!
Вежбањето е еден од најдобрите антицелулитни третмани. Доколку вежбате редовно ќе направите силни мускули под нерамните површини со што вашата кожа ќе изгледа многу порамна. Направете убав план кој би вклучил здрава исхрана и постојано вежбање.
Јадете повеќе свежа храна
Внесувајте повеќе храна која содржи диетални влакна, интегрална храна, овошје и зеленчук наместо калорична храна. Избегнувајте да внесувате едноставни „преработени“ јаглехидрати кои можете да ги најдете во безброј производи од типот на белиот леб, слатките и газираните пијалаци. Преку оваа храна додавате масти, особено во региите склони на целулит.
Загубете некој килограм!
Слаби или полни, секако, можете да бидете склони на целулит, но вишокот килограми го прави многу повидлив. Доколку се наоѓате во потешката категорија, тогаш не би било лошо да симнете некој килограм, но на бавен и умерен начин. Брзото слабеење може да направи целулитот да дојде до израз уште повеќе.
Престанете да пушите
Пушењето влијае врз снабдувањето на кожата со крв правејќи ја послаба и повисната. Овој вид целулит може да се одрази на кожата на рацете, бутовите и задникот.
Масирајте ги загрозените регии
Секој ден наоѓајте неколку минути за да ги измасирате критичните точки. Правете го тоа додека се туширате или додека го нанесувате лосионот за тело. Масажата го подобрува дотокот на крв и прави да се ослободиме од вишокот течности, со што дупчињата се понезабележливи одредено време.
Ретинол
Кога трагате по најдобрата крема за вашата кожа бидете сигурни дека ретинолот е тоа што ќе ви помогне. Тој не го лекува целулитот, како и ништо друго, но, сепак, може да го подобри изгледот и текстурата на вашата кожа. Користете ја 6 месеци и набавете ја кремата која содржи 0.3% ретинол. На овој начин го подобрувате надворешниот слој на кожата со што ги прикривате дупчињата под него.
Хулахопки
Носете хулахопки бидејќи на тој начин нема да дозволите да се складираат вишокот течности. Носете ги постојано, така вашиот целулит нема да биде толку забележителен.
Покрај овие третмани, естетската хирургија нуди револуционерни третмани за намалување и обликување на обемот на телото како што се липосукција, која подразбира вшмукување, ласери или радиофреквенција (загревање на надворешниот слој на кожата, масажа и сукција), кавитација…