Четири нормални појави кај новороденчињата

Со пристигнување на новороденчето, доаѓаат денови исполнети со измешани чувства на љубов, грижа и посветеност. Сакате да биде се во најдобар ред со вашето малечко, па минувате часови гледајќи го и анализирајќи го секој негов детаљ. Во продолжение ви даваме совети како да направите разлика меѓу она што е нормално а што е причина за загриженост.

Со пристигнување на новороденчето, доаѓаат денови исполнети со измешани чувства на љубов, грижа и посветеност. Сакате да биде се во најдобар ред со вашето малечко, па минувате часови гледајќи го и анализирајќи го секој негов детаљ. Во продолжение ви даваме совети како да направите разлика меѓу она што е нормално а што е причина за загриженост.

Вашето бебе од глава до петици

По вагиналното породување, главата на бебето е прилично издолжена и конусна, и тука почнува првата паника, дека така ќе остане засекогаш. Но оваа состојба е сосема нормална и најчесто поминува во првите 48 часа од раѓањето. Коските на черепот на новороденчето се меки и мобилни со цел да се овозможи главата да помине низ тесниот вагинален простор. На главата се наоѓаат и фонтанели, меки точки на врвот и задниот дел од главата. Не вознемирувајте се ако почнат да треперат со секое отчукување на срцето на вашето бебе. Сето ова е нормално. Фонтанелата е мека на допир, бидејќи овозможува брз раст на мозокот на бебето што се случува во првата година. Не плашете се да го допрете бидејќи тоа место и не е многу кревко. Се затвора во период од 12 до 18 месеци, но може да остане до средината на втората година. Исто така, постојат фонтанели и во задниот дел од черепот кои се помали и честопати незабележливи. И ова се повлекува во период од 6 месеци.

Боите на лицето

Вие уживате во тоа меко, слатко и розово лице, но немојте да бидете изненадени доколку се појави малку сина боја, особено на прстите на рацете и на нозете. Но и ова е нормално, особено ако бебето е студено, бидејки бебето не може да ја регулира температурата ефикасно. Но, сепак, треба да внимавате, синилото во некои случаи значи сериозни здравствени проблеми, особено ако има синило околу усните јазикот.
Но синилото не е единствената промена која може да се јави кај бебињата. Исто така може да се јави и жолтеникава боја, која е знак за жолтица, особено во белките на очите. Тоа се јавува кај 70% од сите бебиња, и најчесто исчезнува во период од 4 до 10 дена. Сепак доколку забележите жолтеникава боја треба да го известите вашиот педијатар бидејќи во некои случаи потребен е специјален третман. Доколку вредностите се повисоки од нормалните во консултација со педијатар се одредува понатамошниот третман.     

Осип

Кај речиси сите новороденчиња се јавува осип на кожата, ситни дамки со црвена или жолтеникава боја. Станува збор за нормален осип кој поминува во период од 7 дена и помалку.

Исто така, не вклучувајте го алармот доколку забележите сини дамки, особено на долниот дел на грбот околу задникот на бебето. Ова се монголски дамки, се јавуваат кај потемни бебиња, и претставуваат клетки кои содржат меланин, пигмент на кожата. Кога оваа вродена бенка се приближува до површината на кожата станува помодра. Во секој случај ова не се третира ни како хематом ни како друга медицинска состојба. Монголските дамки се вродени, и кај поголем дел од децата делумно или целосно исчезнуваат од 1-2 година.

Црвени дамки може да се јават на лицето кај новороденчето. Овие лезии стануваат поизразени кога бебето плаче. Најчесто спонтано исчезнуваат во рок од 18 месеци.

Зголемени гениталии

Без разлика колку и да сте подготвени за повеќето родители е изненадување и шок кога прв пат ќе ги видат гениталиите на бебето. Тоа е затоа што тие се невообичаено поголеми. Кај момчињата отокот во скротумот може да биде голем и црвен. Кај девојчињата вулвата е исклучително потечена и со потемна боја како резултат на хормоните од мајката. Исто така може да се појави вагинална слуз со траги од крв. Тоа е последица на хормоните од мајката на кои е осетлива вагиналната слуз. Најчесто поминува во рок од 72 часа. Зголемените гениталии се повлекуваат во период од еден месец.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!