Напредните технолошки апарати кои во современата медицина се користат за третман на ракот, во значителна мера можат да го намалат времето на лекување, а со тоа да го подобрат квалитетот на животот на пациентите. Одредени малигни заболувања можат и целосно да се излекуваат.
Што е CLINAC?
CLINAC е акцелератор кој се користи во зрачна терапија на карциномите. Овој апарат ефикасно и брзо обезбедува точна доза на зрачна терапија директно до канцерот. Радиотерапијата на овој акцелератор, постигнува уништување на канцерогените клетки со заштита на околното здраво ткиво. Ова се постигнува со внимателно изработен план на лекување од страна на повеќе специјалисти.
Тумори кај кои може да се спроведе зрачен третман на CLINAC:
Оваа технологија се употребува за третман на сите видови на тумори кај кои постојат индикации за зрачен третман.
- Тумори на глава и врат
- Тумори на мозок
- Тумори на бели дробови
- Тумори на дојка
- Тумори на простата
- Тумори на мочен меур
- Тумори на матка
- Тумори на желудник
- Тумори на ректум
- Мекоткивни тумори