Црвеното месо предизвикува срцеви заболувања

Заситените масти кои се наоѓаат во црвеното месо честопати се поврзуваат со појавата на срцеви заболувања. Новите истражувања откриваат дека мастите не се единствената причина за нивна појава.

Новите истражувања потврдуваат дека бактериите кои нормално ги има во црвената слузокожа го претвораат протеинот карнитин (кој го има во големи количини во црвеното месо) во материја што го забрзува процесот на стврднување и задебелување на ѕидовите на крвните садови.

Колку месото е поцрвено толку повеќе содржи карнитин. Иако свинското месо припаѓа во групата на црвени меса, тоа содржи помали количини карнитин за разлика од јагнешкото и говедското месо. Пилешкото месо и рибата содржат уште помалку.

Во цревната слузокожа живеат милиони микроорганизми кои го помагаат варењето на храната. Кога внесуваме храна ние ги храниме и „нашите“ микроорганизми. Затоа, колку повеќе внесуваме црвено месо толку е поголем бројот на микроорганизми кои го претвораат карнитинот во „опасната“ материја GBB што jа нaрушува внатрешноста на крвните садови. GBB понатаму се разложува во две соединенија наречени триметиламини (TMA и TMAO).

Штетното влијание на карнитинот е потврдено преку испитувањето на 2600 луѓе кај кои биле измерени вредностите на карнитин и ТМАО во крвта. Нивото на ТМАО и карантин подобро го процениле ризикот за срцеви заболувања за разлика од добиените вредности  на холестеролот.

Ваквите сознанија сугерираат нови правци во одредувањето лекови со кои се спречуваат или лекуваат срцевите заболувања. Исто така, треба да се посвети внимание и во исхраната и конзумирањето храна која содржи карнитин. Малиот внес на црвено месо може да го намали ризикот од појава на срцеви заболувања.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!