Цистите, кои се грутки полни со течност, се формираат како резултат на проширување на жлездите на дојките. Една од четиринаесет жени на возраст од 40 до 49 години има циста. Тие сочинуваат 25 % од промените откриени во дојките. Една петтина од цистите се поголеми од 1 см, додека пола од нив се повеќебројни. Мајките кои дојат имаат галактоцелни цисти исполнети со млеко. Додека простите цисти исчезнуваат по една година, 12 % од нив постојат и по 5 години.
Простите цисти имаат мазни мембрани, додека сложените имаат цврсти делови кои се поделени со неправилни мембрани и содржат густа течност. Неопипливите прости цисти (оние кои не можат да се почувствуваат при допир) и се видливи со ултрасонографија и МР нема потреба да се следат освен ако не предизвикуваат болка или други симптоми.
Цистите поврзани со менструалниот циклус може да се намалат или отечат. Течноста од опиплива и болна циста може да се извади со шприц. Доколку течноста е крвава и/или извадена од повторно создадена циста, може да се испрати на патологија. Ако цистата повторно не се појави во рок од 3 месеци и не е крвава, се смета за бенигна циста. Меѓутоа, во случај кога содржината на цистата е крвава, мора да се испратат примероци на патологија поради можноста за постоење на интрацистичен карцином. Доколку се јават вакви сомнителни услови, овие цисти се отстрануваат хируршки. Цврстиот дел треба да се анализира со биопсија и цитолошка аспирација.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!