Дали болката доаѓа од колкот или грбот?

Чувствувате болка во грбот или, пак, оваа болка доаѓа од колковите? Можеби е чудно бидејќи се работи за два сосема различни делови од телото, но честопати болката во грбот може да биде маскирана и да се одрази како болка во колкот. Стручни совети на оваа тема прочитајте од д-р Драган Христов, ортопед од Аџибадем Систина.

Чувствувате болка во грбот или, пак, оваа болка доаѓа од колковите? Можеби е чудно бидејќи се работи за два сосема различни делови од телото, но честопати болката во грбот може да биде маскирана и да се одрази како болка во колкот. Стручни совети на оваа тема прочитајте од д-р Драган Христов, ортопед од Аџибадем Систина.

Кога виновник е колкот

Најчестата причина за болки во колковите е остеоартритис на зглобот на колкот. Можно е да имате артритис на колк доколку имате:

• Болка во пределот на препоните

• Болката и непријатноста се привремени, но со тек на времето стануваат сè почести

• Се зголемува за време на стоење, одење, физичка активност, а се намалува додека одморате

• Чувствувате вкочанетост

• Неправилен од

• Појава на аваскуларна некроза (АVN) сериозна состојба која поради недостиг на крвоснабдување го уништува коскеното ткиво

Кога виновник е ’рбетот

Најголемиот дел од проблемите поврзани со долниот дел на грбот се резултат на дискус хернија, која притиска на нервите кои излегуваат од ’рбетниот мозок. Оваа состојба прави болка позната под името ишијас, а може да се почувствува и на колкот. Можно е да имате дискус хернија доколку:

• Болката е ограничена на грбот, задникот или колкот

• Грчење и трнење на ногата

• Се влошува при седење или превиткување

• Се подобрува додека пешачите или стоите

Кај некои луѓе можат да се појават проблеми и со колкот и со долниот дел на ’рбетот истовремено. Ова не е ретка појава бидејќи како поминуваат годините, остеоартритисот и промените во ’рбетот се сè позачестени.

Како да ја намалите болката во грбот:

√ Посетете го вашиот доктор и бидете активни. Тој ќе ви ја препише соодветната терапија и, најверојатно, ќе ви каже да останете активни.

 √ Доколку болката сè уште трае и по две седмици, тогаш посетете физијатар. Со помош на физикална терапија ќе успеете да ги зајакнете мускулите кои служат како главна потпора на ’рбетот.

√ Намалете ја вашата телесна тежина и оставете ги цигарите. Одржувањето здрава телесна тежина или губењето килограми, доколку е потребно, ќе го намали притисокот во ’рбетот. Исто така, важно е да ги оставите цигарите. Никотинот влијае на микроциркулацијата, па така ’рбетот многу побрзо дегенерира.

 √ Доколку навистина имате проблем да ја лоцирате болката, посетете специјалист по трауматологија или ортопедија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!