Од голема важност е да ја разликувате обичната настинка од грип, за да можете да реагирате на време и да ги спречите компликациите како што се воспаление на белите дробови. Најдобрите ефекти се постигнуваат доколку грипот започне да се третира најдоцна до 48 часа од појавата на симптомите.
Симптомите на грипот се јавуваат одеднаш
Чувствувате дека ја губите силата, имате болка во грлото, главоболка, болки во мускулите и кашлица? Симптомите на грипот најчесто се јавуваат одеднаш. За разлика од грипот, симптомите на настинка не се толку интенизвни. Ќе ја препознаете по растечениот или затнат нос. Доколку станува збор за грип, за 5 дена веќе би требало да се чувствуате подобро иако сеуште ќе чувствувате малаксано повеќе од една недела. Настинката обично поминува за една недела.
Температурата најчесто е знак за грип
Температурата најчесто се јавува при грипот. Обично кај децата температурата знае да биде и многу висока, особено при грип, но во детската возраст темературата е чест симптом и при обична настинка.
Заморот кај грипот може да трае со недели
Заморот и малаксаноста кај грипот може да траат и до 3 недели. Кај постари лица и кај оние кои имаат некое хронично воспаление или намален имунитет може да траат и уште подолго време.
Главоболката, кашлањето и болката во уво се заеднички симптоми
Чувството на болка во главата се јавува и кај настинката и кај грипот. Бидејќи и настинката и грипот ги напаѓаат дишните патишта, кашлицата може да се појави и кај двете состојби. Воспалението на белите дробови може да се јави како последица на грипот. Доколку имате долготрајна кашлица која е проследена со болка во градите, температура, тешкотии при дишењето,недостаток на воздух направете преглед кај вашиот доктор. Како заеднички симптом при настинка и вирус е и болката во увото. Доколку истата трае подолго време и нејзиниот интензитет станува поголем, тогаш можеби се работи за компликација за која е неопходно да се конуслтирате со вашиот доктор за правилен третман. Воспаление на синусите е истотака компликација која може да биде резутат на настинката и грипот.
Сопрете го ширењето на инфекцијата – мијте ги рацете
Миењето на рацете е клучната работа за превенција на ширењето на инфекцијата. Рацете мијте ги темелно, особено после кашлање, кивање или чистење на носот.