Доколку постојано го правите алргискиот поздрав (триење со раката надолу нагоре по носот), најверојатно, одговорот е не. Овој потег на ставање на раката на врвот на црвениот и растечен нос е најчеста појава кај децата. Еве уште неколку знаци и причини поврзани со алергиите:
Темните кругови околу водените очи се уште еден знак дека имате алергија. Круговите може да се резултат на постојано чешање на очите. Чешањето на очите и солзењето, како и кивањето и растечениот нос можат да се спречат со антихистамини. Доколку ги земате овие лекови и немате резултати, поразговарајте со доктор околу промена на терапијата. Нормално е да ви тече носот една до две недели, а во тие моменти најчесто мислиме дека се работи за настинка или грип. Доколку ова трае повеќе од еден месец, тогаш, најверојатно, се работи за алергија. За време на алергиската реакција може да потече слузокожата на носните канали и тие да произведуваат поголема количина слуз. Оваа состојба може да им направи притисок на синусите и да предизвика главоболка. Деконгестантите можат да ви ја ослободат болката, но само за кратко. Сепак, најдобро е да се посоветувате со алерголог.
Отежнатото дишење најчесто се поврзува со астма, но, исто така, може да биде знак за сериозна алергиска реакција. Звукот на карактеристичното отежнато дишење се јавува кога воздухот поминува низ стеснатите дишни патишта.
Алергиите можат на три начини да влијаат врз вашата енергија. Првиот начин е тоа што симптомите можат да влијаат врз вашиот сон. Второ, алергиите можат да го испровоцираат имунолушкиот систем да реагира побурно. Трето, антихистамините предизвикуваат поспаност.
Понекогаш алергиите можат да влијаат и на вашето расположение па дури и да доведат до депресија. Секогаш разговарајте со вашиот доктор за тоа како се чувствувате.