Дали имате проблеми со кожата?

Кожата е најголемиот орган на нашето телото. Таа има улога да ја заштити внатрешноста на телото од надворешните влијанија. Составена е од жлезди, крвни садови и нерви кои се битни во одржувањето на нормалните функции на организмот. Многу често се случува разните заболувања и инфекции  да се одразат и на кожата. По одредени испитувања на кожата, докторите полесно можат да го дијагностицираат потеклото на болеста.

Кожата е најголемиот орган на нашето телото. Таа има улога да ја заштити внатрешноста на телото од надворешните влијанија. Составена е од жлезди, крвни садови и нерви кои се битни во одржувањето на нормалните функции на организмот. Многу често се случува разните заболувања и инфекции  да се одразат и на кожата. По одредени испитувања на кожата, докторите полесно можат да го дијагностицираат потеклото на болеста.

Некои од најчестите заболувања кои се одразуваат на кожата се:

Херпес зостер се јавува како резултат на „враќање“ на малите сипаници поради латентно инфицирање на нервните клетки во ’рбетниот мозок или мозокот.

Уртикарија е многу честа алергиска состојба на кожата која се манифестира поради појавата на антитела во крвта. Оваа ерупција за многу краток период (од 30 минути до 2 часа)се шири низ целото тело во вид на мали осипи опкружени со интензивно црвенило.

Псоријазата претставува хронична инфламаторска генетска состојба. Во случај на псоријаза, на кожата се јавуваат закоравени црвени испакнатини. Како што многумина сметаат, таа не се јавува единствено на лактовите, темето и колената туки и на другите делови од телото.

Екзема или атопичен дерматитис е генетска состојба која се појавува во раното детство и се манифестира со хронично чешање. Најчесто се јавува во пределот на дланката, пределот спроти рамото и спроти коленото.

Розацеата е хронична воспалителна состојба на лицето која се карактеризира со црвенило, проширени крвни садови, а понекогаш и со прекумерен раст на сврзно ткиво на носот (ринофима).

Херпес либиалис се јавува како резултат на херпес симплекс вирусот. Овој тип херпес најчесто излегува на работ на усната и може да се повторува на истото место.

Pseudofolliculitis barbaeе нафрлување на кожата кое се јавува како резултат на бричењето. Најчесто оваа појава се јавува кога влакната не се целосно отстранети или брадата често се иритира при бричењето.

Појавата на акни претставува неинфективна ерупција на папули и пустули на лицето, а понекогаш и на градите и грбот. Најчесто таа се јавува во тинејџерските години кај огромен дел од младата популација која се наоѓа во периодот на пубертет.

Ова се само неколку од многуте заболувања на кожата кои се резултат на различни фактори. Други состојби на кожата се мелазмата, атлетското стапало, брадавиците, дамките на кожата кои се јавуваат во староста… 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!