Дали имате висок холестерол?

Не сте единствен. Високиот холестерол доаѓа од разни извори, меѓу кои семејната историја и исхраната.

Исхрана

Доколку јадете храна полна со заситени масти (од типот на класичен појадок, сланина и пржени јајца) може да ви се покачи нивото на холестерол во телото. Најчесто нездравите масти се наоѓаат во животинската храна. Говедското, свинското, телешкото месо, путерот, јајцата и сирењето се полни со заситени масти. Исто така, пакуваната храна од типот на кокосово и палмино масло може да содржи големи количини од овие масти. Покрај тоа, се наоѓаат во колачите, крекерите, чипсовите, растителните масла и маргаринот.

Дебелина

Вашиот пивски стомак нема да ви пречи само во социјалниот живот. Прекумерната телесна тежина може да ги зголеми триглицеридите и да го намали добриот холестерол.

Активност

Веднаш станете од каучот и почнете да се движите. Недостигот од физичка активност може да го зголеми нивото на лош холестерол и да го намали нивото на добриот.

Возраст и пол

Откако ќе наполните 20 години, вашето ниво на холестерол почнува да се покачува. Кај мажите обично нивоата на холестерол се израмнуваат по 50. година од животот, додека кај жените нивото на холестерол е нешто пониско до менопаузата. По овој период жените имаат исти нивоа на холестерол како и мажите.

Општата здравствена состојба

Не прескокнувајте го годишниот преглед. Информирајте се во врска со потенцијалните ризици за одредени заболувања од типот на срцеви болести, дијабетес и хипотироидизам.

Семејна историја

Доколку некој член од вашето семејство има  висок холестерол, истиот може да се јави и кај вас.

Пушење цигари

И самите знаете, пушењето го намалува добриот холестерол. Пушењето убива. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!