Според ботаничарите, овошјето е дел од растението кое се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението кое во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат за зеленчук. Тие ги вклучуваат стеблото, листовите и корењата – дури и цветот од пупка.
Долунаведените растенија, технички, се овошја:
Авокадо, грав, боранија, пченка, краставица, житарки, јаткасти овошја, маслинки, пиперки, тиква, семе од сончоглед и домати. Во зеленчукот се вклучени: целер (стебло), марула (листови), карфиол и брокули (пупка), цвекло, морков и компир (корен).
Од кулинарска гледана точка, зеленчукот е помалку благ, посолен е и се служи како дел од главно јадење. Овошјето е поблаго и кисело и најчесто се служи како десерт или ужина. И од овошјето и од зеленчукот може да се направи освежувачки пијалак. Некои овошја се зрнести или јаткасти или во вид на семе.
Од нутритивна гледна точка овошјето и зеленчукот се слични. Во споредба со продуктите од животинско потекло, посиромашни се со калории и маснотии, но имаат голем процент на растителни влакна. Овошјето и зеленчукот содржат состојки кои се добри за здравјето како што се антиоксидантите. Полни се со витамини и минерали.
Еден оброк (пола чаша) од овошје има малку повеќе калории од еден оброк зеленчук. Исклучок е зеленчукот богат со скроб, како на пример компирот или репкастиот зеленчук. Факт е дека луѓето не консумираат редовно овошје и зеленчук. Се препорачува два или повеќе оброци дневно овошје, и два оброка зеленчук. Според статистиките , луѓето сè помалку јадат овошје и зеленчук. Консумирањето овошје и зеленчук последниве години е намалено за околу 10 проценти. Треба да запомните доколку овошјето и зеленчукот секој ден не се присутни на вашето мени, имате поголеми шанси да заболите од карцином, срцеви заболувања, висок крвен притисок, срцев удар и дијабетес.