Ова е чест проблем кој може тешко да се открие: запек кај бебиња или многу мали деца. Статистиките покажуваат дека до 30 проценти од децата во текот на детството имаат запек.
Симптоми на запек може тешко да се забележат, но еве на што да внимавате:
• Бебињата и многу малите деца може да се вцрвенат кога се обидуваат да какаат
• Мали остатоци во пелените или гаќите (можен знак за проблеми со столицата)
• Недостаток на апетит и болки во стомакот
• Мокрење во кревет
• Инфекција на уринарниот тракт
• Долго време поминато на нокшир или шолја
Запекот често се јавува кога децата не се дома и се плашат да го користат тоалетот.
Важно е запекот да се третира што е можно побрзо. Доколку запекот продолжи, истиот може да влијае на развојот на вашето дете.