Дали стресот е виновен за доцнењето на менструалниот циклус?

Хипоталамусот и хипофизата се жлезди во мозокот кои го контролираат менструалниот циклус, а со тоа и репродуктивната способност на жената. Хипофизата создава хормони кои ги стимулираат јајниците да ги произведуваат женските полови хормони, естрогенот и прогестеронот. Овие хормони ја припремаат внатрешноста од матката за возможна бременост. Кога бременоста нема да се случи хормоналните нивоа опаѓаат и внатрешната слузница од матката се излуштува и тоа се вика менструално крварење.

Стресот без оглед на изворот (емотивни проблеми, проблеми на работата итн) е докажан фактор кој може да го поремети функционирањето на хипоталамусот, а со тоа да ја поремети овулацијата и менструалните циклуси. Степенот до кој стресот може влијае на менструалниот циклус на жената може да варира, некои жени имаат само оскудни менструации и намалување на должината на циклусот, кога тие се подложени на стресот, додека другите жени имаат целосен прекин на менструациите. Телото на секоја жена различно реагира на стрес, што значи дека кај различни жени кои се под стрес телото не одговара на ист начин. Треба да се напомене дека континуираниот стрес може да има и други штетни ефекти врз телото на жената, затоа е важно за жените во овие ситуации да најдат начин да се ослободат од стресот. Откако стресот или другите фактори кои доведуваат до пореметување на циклусите се намалат или искоренат, се очекува повторно воспоставување на нормални менструални циклуси.

Покрај стресот докажани фактори кои можат да влијаат на менструалниот циклус се ниска телесна тежина, прекумерно вежбање и телесна активност, но и голем број други хормонски или органски фактори, како и употреба на одредени лекови. Поради тоа потребно е да се направи хормонски статус и гинеколошки преглед при кој ќе се открие причината и ќе се одреди воколку е потребно соодветна терапија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!