Дали внесувате доволно витамини?

Колку витамини на дневна основа му се потребни на нашето тело за да биде здраво и да го зајакне имуниот систем? Ова прашање сигурно го имате поставено за себе и за своите деца. Мајките секогаш мислат дека децата не примаат доволно витамини, па додаваат додатоци во исхраната во вид на сирупи за зголемување на апетитот и други сл. препарати. Но, дали овие препарати можат на каков било начин да му наштетат на организмот и како се манифестира хипервитаминозата.

Дали се можни несакани последици од земањето на овие препарати?

По неколкуте случаи на токсични хипервитаминози во Соединетите Американски Држави, пред сé кај деца, компаниите што ги произведуваат овие препарати мораа дозите на витамини во овие помошни лековите средства да ги сведат на дневно дозволените дози, па дури и под нив. Со ова ризикот од т.н. „труење” со витамини е сведен на минумум. Секако дека организмот има и свои заштитни механизми, па секој вишок витамини се исфрла преку дигестивниот тракт, а како последна одбрана се бубрезите, кои можат, на пример, да го елиминираат вишокот на витамин Ц кој најчесто се злоупотребува. Но, сепак, треба да се биде претпазлив, пред сé со витамините А,Д,Е и К бидејќи со овие витамини најчесто се можни „труења”.  Ова осебно се однесува на мајките кои им даваат на децата  разни мултивитамински препарати за подобар апетит.

Кој треба да зема витамински прапарати?

Витамински препарати потребно е да земаат повозрасни луѓе над 70 год. поради тоа што со стареењето се намалува ресорпцијата на витамините во дигестивниот тракт. Друга група луѓе што треба да земаат витамини како дополнување на исхраната се пациентите со малигни заболувања. Бременоста е исто така физиолошка состојба која во бара дополнување со витамини, минерали и олигоелементи ( пр. фолна киселина, калциум, железо … )

Идеален извор на витамини, минерали и антиоксиданси

Нема подобра комбинација од витамини, минерали и антиоксиданси од онаа во вашата чинија со овошје и зеленчук, со сите бои, вкусови и свежина. Искористете ги даровите од природата, посебно во овој период од годината.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!