Дали знаете како да водите сметка за вашето здравје?

Кога здравјето е на наша страна и не чувствуваме никакви здравствени проблеми тогаш и воопшто не размислуваме за здравјето, но штом ќе се појават одредени знаци, тогаш донесувате брзи и драстични одлуки. Сепак, најмудро од сѐ е да делувате превентивно. Грижата за здравјето е доживотна навика, култура и начин на живеење. Се проценува дека дури пола хронични болести можат да се спречат со подобра грижа за сопственото здравје во која било животна доба. За добрите промени никогаш не е доцна, па затоа уште денес донесете неколку здрави одлуки.

„НЕ“ за нездравите навики

Воопшто не е лесно да ги отстраните нездравите навики. Оставањето на цигарите и престанокот на консумирање алкохол се одлуки кои ќе ви го променат животот. Доколку се откажете од  пушењето значајно го намалувате ризикот од сериозните заболувања кои сѐ почесто се јавуваат, од типот на болестите на срцето и крвните садови. Исто така, доколку сакаме уште повеќе да работиме на нашето здравје, тогаш консумирањето алкохол мора да биде умерено. Затоа, бидете решителни и подарете си здравје.

Движењето треба да биде императив

Само 30 минути пешачење секој ден може значајно да ја подобри здравствената состојба. Редовната активност помага во спречувањето и коригирањето на прекумерната телесна тежина, срцевите заболувања и крвните садови, дијабетесот, одржувањето на телесната форма и подобрувањето на општата физичка и психичка состојба на поединецот. Една од најважните одлуки кои треба да го донесете уште во овој момент е редовната физичка активност. За почеток, дури и 30-минутната прошетка значително ќе ви ја подобри здравствената состојба.

Здрава храна – здрав живот

Овошјето и зеленчукот никогаш не се доволни во нашата исхрана. Меѓутоа, бројните обврски и забрзаниот начин на живот значат и помала грижа за здравата исхрана. Докажано е дека овошјето и зеленчукот значително ја подобруваат целокупната здравствена состојба поради високиот процент на неопходни витамини и минерали кои ги содржат. Од друга страна, пак, кога внесот на здравите состојки во телото е урамнотежен, здравјето е во вашите раце. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!