Дијабетично стапало

Артериите се како дрво. Аортата е стеблото што се разгранува на сè помали гранки и завршува со гранчиња на листовите. Артериосклерозата како процес на таложење масни материи и калциумови соли го зафаќа стеблото, големите гранки сè до гранчињата на листовите, а шеќерната болест ги уништува гранчињата на листовите. Според д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кај долгогодишни пациенти со шеќерна болест настанува уништување на крвните садови, односно гранчињата на листовите, и настанува дијабетична ангиопатија. Сето ова доведува до намалување на исхраната на ткивата на периферијата.

Артериите се како дрво. Аортата е стеблото што се разгранува на сè помали гранки и завршува со гранчиња на листовите. Артериосклерозата како процес на таложење масни материи и калциумови соли го зафаќа стеблото, големите гранки сè до гранчињата на листовите, а шеќерната болест ги уништува гранчињата на листовите. Според д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кај долгогодишни пациенти со шеќерна болест настанува уништување на крвните садови, односно гранчињата на листовите, и настанува дијабетична ангиопатија. Сето ова доведува до намалување на исхраната на ткивата на периферијата.

Итна хируршка интервенција

Анатомијата на прстите и стапалото е таква што и медицинскиот, односно хируршкиот третман е многу тежок. Инфекцијата (флегмоната) нагло се шири и бара итна хируршка интервенција и високи дози на антибиотска терапија со единствена цел да се запре инфекцијата и да не дојде до губење на прстите, дел од стапалото, целата нога па дури и главата. Овие инфекции водат кон изумирање на ткивото – некроза, која полека преминува во гангрена на дел од стапалото или потколеницата. Дијабетичното стапало е исклучително сериозна болест бидејќи е болест на пациенти со генерализирано оштетени артерии во целиот организам заради шеќерната болест и не ретко поради оштетени артерии од артериосклероза и како болест бара тимски пристап и лекување од искусни ендокринолози, кардиолози, дијагностичари (доктори коишто се занимаваат со рендгенолошко дијагностицирање на болестите на артериите) и хирурзи.

Третман во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Болеста е исклучително сериозна и бара навремена, брза и компетентна интервенција затоа што има исклучително брз развој. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со стручен тим кој 24 часа е подготвен да ги прифати сите пациенти и да спроведе дијагноза и лекување на болестите на артериите со врвна технологија, врвни експерти од ендокринологија, кардиологија, неврологија, диетологија, васкуларни хирурзи. Тимот доктори со секојдневните хируршки третмани со обработка на раните од стапалото прави да се сопре инфекцијата и одумирањето на ткивото со навремено откривање на болеста, реконструкција на артериите со која ќе се подобри исхраната на ткивото, а со тоа да се спречи настанување на дијабетично стапало. Кај сите пациенти со шеќерна болест најважен е сериозен однос кон самите себе со кој ќе се спречи да дојде до настанување на дијабетично стапало како болест бидејќи истата исклучително тешко се лекува. Кај сите пациенти со шеќерна болест најважен е сериозен однос кон самите себе со кој ќе се спречи да дојде до настанување на дијабетично стапало како болест бидејќи истата исклучително тешко се лекува.

Трауми на нозе

Кога станува збор за стапалата, тие се изложени на многу трауми како што се повреди при сечење нокти, заноктици, траума на прстите од тесни чевли, поради што настанува отворање на рани на прстите и стапалата. Често настануваат и изгореници на стапалата поради намалената осетливост на жешко како последица на неуропатија. Поради сето ова пациентите со шеќерна болест треба исклучително да водат сметка како сечат нокти, заноктици и кога ги мијат нозете прво со рака да проверат колку е водата жешка и потоа да ги стават нозете под чешма. Ако веќе настане каква било рана на стапалото, таа рана е во зона на намалена исхрана на ткивото поради дијабетична ангиопатија. Таа е влезна рана на инфекции која може исклучително нагло да напредува поради тоа што организмот не може да се бори со инфекцијата бидејќи нема крвни садови.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!