Многумина не го сакаат магдоносот, но сигурно тоа е така бидејќи сè уште не ги чуле добрите страни и позитивните ефекти од него. Се користи уште од минатото заради своите лековити својства и е многу повеќе од декорација. Нема високо-калорична вредност, но е исклучително богат со минерали и витамини.
Ова е една од најздравите и најлековитите билки која содржи калиум, железо, магнезиум, манган, бакар. Се препорачува да се јаде свеж бидејќи само така ги задржува своите здрави и лековити состојки. Докажано е дека има антиинфламаторни својства, како и тоа дека помага во зајакнувањето на имунитетот.
Еве ги добрите страни на магдоносот:
Флавоноиди
Магдоносот содржи фитохемикалии познати под името флавоноиди. Освен што му даваат боја, тие се диуретик и можат да го намалат крвниот притисок. Ги прочистува бубрезите од бактерии и токсини и го намалува ризикот од појава на камен во бубрезите.
Витамин А и Ц
Магдоносот е богат со витамини А и Ц. Тој содржи четвртина од потребната дневна доза на витамин Ц, а само од неколку гранчиња магдонос вашата кожа и коса ќе бидат поздрави и имуни на системски болести. Витаминот А помага при проблемите со видот и потребната дневна доза може да ја добиете доколку консумирате магдонос.
Антиоксиданси
Добрата страна на магдоносот е и тоа што има многу антиоксиданси кои се борат против слободните радикали.
Ги ублажува стомачните грчеви
Магдоносот ќе ви го освежи здивот, но и ќе ви ги ублажи стомачните грчеви затоа консумирајте го секојдневно.