Една чаша топла вода наутро, одличен потег за вашето здравје

Првата работа што треба да ја направите наутро е да внесете една чаша топла вода. Еве и зошто?

Топлата вода го подобрува дигестивниот систем. Грчевите и подуеноста најчесто се предизвикани од недостиг на вода во организмот. Затоа, една чаша топла вода наутро, на празен желудник ќе ја поттикне работата на цревата и ќе му помогне на организмот нормално да функционира.

Исто така, се смета дека топлата вода ги намалува болките предизвикани од менструалните тегоби. Топлината ќе ги опушти стомачните мускули со што ќе се ублажи болката. Имено, топлата вода е добра за сите видови грчеви бидејќи ја подобрува капиларната циркулација и ги опушта мускулите.

Топлата вода ја зголемува температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот. На тој начин организмот согорува повеќе калории. Покрај тоа, добро делува на бубрезите и другите органи за излачување.

Исто така, придонесува за подобра циркулација, го спречува процесот на стареење и ја подобрува еластичноста на кожата, со тоа што го ослободува организмот од разни отрови. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!