Епилептични напади во детството

Епилептичните напади се најчестиот симптом во педијатриската неврологија. Тие се извор на голема загриженост на родителите, особено кога се соочуваат со овој проблем за прв пат во домашни услови. Важно е да се потенцира дека во најголем број од случаите нападите се самоограничувачки и  спонтано завршуваат без било какви долготрајни последици по детето.

Епилептичните напади се најчестиот симптом во педијатриската неврологија. Тие се извор на голема загриженост на родителите, особено кога се соочуваат со овој проблем за прв пат во домашни услови. Важно е да се потенцира дека во најголем број од случаите нападите се самоограничувачки и  спонтано завршуваат без било какви долготрајни последици по детето.

Епилептичен напад наспроти епилепсија

Не секој епилептичен напад значи дека детето има епилепсија. Епилепсија не е специфична болест, туку во основа претставува тенденција, склоност за појава на повторувачки напади во одреден временски период. И кај децата , како и кај возрасните постојат голем број различни типови епилепсии, но земено општо нивната честота се движи околу 0,5 – 1% од општата популација. Наспроти ова, честотата на разни типови т.н. провоцирани епилептички напади ( акутни симптоматски напади при инфекции, метаболни пореметувања, системски болести, трауми) е значајно поголема и изнесува 3-5%. Најчест тип на провоцирани  напади, кои се јавуваат при покачена телесна температура се фебрилните конвулзии и тие не претставуваат епилепсија. 

Што се тоа не-епилептични напади? 

Од друга страна, во детството постојат и повеке други состојби кои можат да имитираат епилептични напади,  бидејќи клиничката манифестација може да биле слична, но механизмот на нивното настанување е сосем различен и овие епизоди не се резултат на абнормална или ексцесивна електрична активност во мозочните неврони. Тука спаѓаат апноичните кризи (кризи на ,,зајдување‘‘) кои се јавуваат најчесто по 6 месечна возраст, провоцирани од вознемиреност и плач, потоа рефлексни синкопи, бенигно пароксизмално вертиго, вазовагални атаки, бенигни миоклонии, разни феномени во тек на сонот и други.

Како да се постави вистинската дијагноза?                                                                

Бидејќи најголемиот број напади се случуваат во домашни услови, добар опис на нападот од страна на очевидците може да даде многу корисни информации. Околностите во кои се случил нападот, евентуалните предупредувачки знаци (аура), моторните или сензорните промени при нападот, текот и дистрибуцијата на промените – на пр. во кој дел од телото започнал еден моторен напад, каде се проширил, каква била реактивноста и состојбата на свеста на детето, типот на движењата, траењето, текот на опоравувањето по нападот (т.н. постиктална состојба ), присуството на резидуални дефицити- на пр.слабост во екстремитет, отежнат говор. Сето ова се значајни податоци корисни за поставување на правилна дијагноза кои можат да ги дадат само родителите. Следен чекор е педијатрискиот и невролошкиот преглед на детето, кои ќе откријат дали постои било каков невролошки дефицит  или коморбидитет. Потоа се пристапува кон специфични иследувања, т.е. се реализира  ЕЕГ преглед или електроенцефалограм. Ова е неинвазивно иследување кое нема никакви несакани ефекти, не е болно, може да се реализира кај сите пациенти вклучувајќи и новороденчиња. Служи за анализа на мозочната електрична активност и со него се утврдува локацијата на изворот на абнормалната електрична активност која довела до настанување на нападот. Кај некои деца е потребно снимање и во тек на сонот.

Дали се потребни радиолошки испитувања ?

Зависно од наодите од невролошкиот преглед и ЕЕГ прегледот, кај некои деца ќе треба да се реализираат и радиолошки иследувања, како МР на мозокот .

Како се лекува епилепсијата во детството?

Првиот епилептичен напад најчесто сеуште не значи дијагноза на епилепсија. За тоа се потребни барем 2 непровоцирани напади на растојание од најмалку 24 часа. По поставување на дијагнозата на епилепсија, се започнува фармаколошки третман во зависност од типот на епилепсијата или епилептичкиот синдром. Треба да се потенцира дека постојат голем број на различни типови на епилепсии и епилептични синдроми типични за одредени возрасни групи, кои имаат многу различна прогноза. Редовните невролошки контроли со цел да се одреди најефикасниот тераписки протокол за секој индивидуален пациент и придржување на пациентот кон терапискиот план се основен предуслов за добар исход .

Кај над 60 % од пациентите со епилепсија, болеста станува активна во тек на детството. Добрата контрола на нападите е осн
овен предуслов за остварување на развојниот потенцијал на секое дете со епилепсија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!