Што е ехокардиограм?

Ехокардиограмот се користи со цел да се направи проценка на целокупната функција на срцето. Со ехо тестот се испуштаат високофреквентни звучни бранови (ултразвук) кои се изведуваат со помош на специјална сонда која се поставува на градите. Резултатите за работата на срцевите валвули и комори веднаш се отчитуваат на монитор. Ехото најчесто се изведува во комбинација со доплер ултразвук и доплер во боја со цел да се пресмета дотокот на крв во срцевите валвули.

Резултатите се покажуваат во вид на бранова линија која постојано се менува.

Докторите користат ехо тест со цел да ја проценат целокупната функција на срцето, да го утврдат присуството на многу типови на срцеви заболувања, како што се заболување на валвулите, заболување на миокардот, перикардијално заболување, инфективен ендокардитис, срцева маса, вродена срцева болест. Исто така, се користи за да се утврди прогресот на срцевото заболување и ефективноста на медицинскиот или хируршкиот третман.

Многумина кардиолози се едногласни во тоа дека ехокардиограмот е одличен тест бидејќи освен за испитување на структурата и функцијата на срцето и дотокот на крв, тој истовремено претставува и неинванзивен метод, не испушта радиоактивни зраци и на никаков начин не може да му наштети на пациентот.

Вашиот кардиолог може да ви предложи ехокардиограм доколку се сомнева на проблеми со залистоците, коморите на срцето или способноста на срцето да ја испумпува крвта. Ехокардиограмот исто така се користи и за откривање вродени срцеви аномалии кај неродените деца.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!