Храна која помага во процесот на апсорпција на железото

Апсорпцијата на железото во организмот зависи од неколку фактори, меѓу кои и внесот на одредени хранливи состојки. Овој минерал е одговорен за снабдување на сите органи и ткива со кислород. Недостигот на железо може да доведе до анемија, намалена ментална функција, како и предвремено породување кај бремените жени. Затоа, за да останете здрави консумирајте храна богата со железо во комбинација со храна богата со витамин Ц, со цел подобро да го апсорбирате железото. 

Железото се наоѓа и во животинската и во растителната храна, а апсорпцијата зависи од формата во која се наоѓа. На пример,  железото во животинската храна се апсорбира многу поефикасно. Железото кое се содржи во растенијата многу полесно се апсорбира во комбинација со храна која содржи витамин Ц. Храната, пак, која содржи полифеноли, калциум и фитинска киселина ја намалува апсорпцијата на железото од растителната храна. Затоа треба да се избегнува консумирање храна богата со железо во комбинација со чај, кафе, млеко, зеленчук, бидејќи во оваа храна ги содржи токму овие состојки. 

Цитрусните овошја се богати со витамин Ц. Еден портокал ве снабдува со 70 милиграми витамин Ц, додека ¾ од една чаша сок од портокал ви обезбедува 93 милиграми витамин Ц. Храната како мусли, јајца  и некои видови месо се богати со железо и се консумираат наутро за појадок. Вашиот појадок би бил совршен доколку некој од овие продукти го јадете во комбинација со свеж сок од портокал.

Еден од најголемите извори на витамин Ц е црвената пиперка. Една црвена пиперка содржи 95 милиграми витамин Ц. Други зеленчуци кои се богати со витамин Ц се доматите, брокулата, карфиолот, зелените пиперки, зелката, репката, компирот и бриселско зелје. Оваа храна можете да ја додадете како гарнир во комбинација со месо кое содржи железо.

Други овошја кои се богати со витамин Ц се јагодите и кивите. Пола шолја исечени јагоди содржи 49 милиграми витамин Ц.

Вклучувањето на овие овошја, зеленчуци и напитоци помага во процесот на апсорпција на железото во нашиот организам.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!