Топ храна за борба со канцерот


Факт е дека не постои конкретна храна која може да ве заштити од канцер. Но, сепак, добра комбинација од неколку видови здрава и разновидна храна и тоа како може да направи разлика. Потрудете се за време на оброците две третини од чинијата да сочинуваат зеленчук, а една третина животински протеини.

Факт е дека не постои конкретна храна која може да ве заштити од канцер. Но, сепак, добра комбинација од неколку видови здрава и разновидна храна и тоа како може да направи разлика. Потрудете се за време на оброците две третини од чинијата да сочинуваат зеленчук, а една третина животински протеини.

Овошјето и зеленчукот се богати антиканцерозни состојки, и колку што е појасна и посилна нивната боја, толку истите имаат поголема моќ да го победат канцерот. Оваа храна помага на индиректен начин да се намалат ризиците, а најпрвин преку одржувањето на телесната тежина. Прекумерната тежина е еден од најголемите ризик фактори за неколку видови канцер, меѓу кои канцерот на дебело црево, хранопровод и канцер на бубрези. Постојано јадете зеленчук, особено темно зелени, црвени и портокалови плодови.

Фолната киселина е многу битен Б витамиин кој може да помогне во борбата против канцерот на дебело црево, ректум и дојки. Оваа состојка обично се внесува во големи количества за време на појадокот бидејќи е премногу застапена во житарките и интегралните производи. Фолната киселина, исто така, ја има во портокалот, лубеницата, јагодите, аспарагусот, јајцата, гравот, семките од сончоглед, спанаќот и марулата.

Пред сѐ, кога веќе се храните здраво, многу е битно да знаете што не треба да внесувате. Шунката, виршлите, сувомеснатите производи се полни со хемиски додатоци, особено ако се дополнително посолувани и сушени. Доколку го намалите внесот на овој вид храна, тогаш ги намалувате и ризиците од канцер на дебело црево и желудник.

Дали заради ликопенот, состојката која му ја дава црвената боја на доматот, или некоја друга состојка, доматот е топ храна за заштита од неколку видови канцер, а особено канцерот на простата. Доматот е најздрав свеж, но и преработен, во форма на сок или сос.

Истражувањата докажуваат дека зелениот чај е добро средство за спречување на развојот на канцер на дебело црево, црн дроб, дојки и простата. Исто така, има сличен ефект и врз ткивото на белите дробови и кожата. Покрај тоа, чајот ги намалува ризиците од заболување од канцер на мочен меур, желудник и панкреас.

Грозјето, особено црвеното и виолетовото содржи ресвератол. Ресвератолот има силни антиоксидантски и антиинфламаторски особини.

Јагодите и малините имаат фотохемикалии наречени елагинска киселина. Овој моќен антиоксидант всушност може да го победи канцерот на неколку начини одеднаш, да деактивира одредени состојки кои предизвикуваат канцер и да го забави процесот на растење на канцерозните клетки. Покрај нив, одличен извор на антиоксиданти е и боровницата.

Секако, покрај здравата храна, задолжително е да се сменат некои животни навики од типот на пушење цигари и прекумерен внес на алкохолни пијалаци. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!