Храна добра за мозокот на децата

Како децата истрчуваат од училишните клупи и се префрлуваат на нивните домашни активности, така се зголемува активноста на нивните мозоци и тие драматично растат и се менуваат.

Овие години се критични за развојот на мозокот, а тоа што тие го јадат влијае врз нивната концентрација и вродените вештини.

Храната е еден од многуте фактори кои влијаат врз развојот на мозокот.

Еве неколку јадења кои добро влијаат врз бистрината и концентрацијата на детето, и кои се добри за понатамошниот развој на мозокот.

Јајца

Консумирањето протеини со висока хранлива вредност (колин, омега 3, цинк или лутеин) помага за подобра концентрација кај децата. Пржени јајца во тортиља од цело зрно е добра опција за појадок или попладневен оброк.

Риба

Масната риба е одличен извор на витамин Д и омега 3 масни киселини, кои го заштитуваат мозокот од губење на меморијата. Лососот, туната и сардините се полни со омега 3. Колку повеќе децата внесуваат омега 3 толку подобро ќе работи нивниот мозок и полесно ќе се фокусираат. Рибата можете да им ја послужите во многу форми, и тоа печена на скара, во сендвич, во салата итн.

„Чисто“ месо

Животинските масти се местото кади се складираат пестицидите и антибиотиците. Зголемен внес на токсини може да предизвика зашеметеност. За подобра концентрација избирајте месо кое не содржи дополнителни вештачки состојки, конзерванси, засладувачи.

Јаткасти плодови и семиња

Полни со протеини, основни масни киселини, витамини и минерали, јаткастите плодови и семињата можат да го подобрат расположението и да го одржат здравјето на нервниот систем.

Пробајте го путерот од сончоглед кој е богат со фолна киселина, витамин Е и селен и намачкајте го на леб од цело зрно. Исто така, можете да направите песто од јаткасти плодови со маслиново масло и билки со зелени листови. Ова е одличен сос за здрава и вкусна паста.

Овес

Полн со протеини и диетални влакна, овесот помага во одржувањето на здравјето на артериите на срцето и мозокот и ги заштитува мозочните клетки. Послужете го со цимет.

Покрај овие неколку јадења, постојат и други кои се од неизмерно значење за добрата функција на мозокот, заштитувањето на мозочните клетки и подобрувањето на концентрацијата на децата за извршување на секојдневните ментални активности, меѓу кои јаболката, сливите, карфиолот, спанаќот, кељот итн. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!