Типот на храна која ја имате на вашето секојдневно мени има голема улога не само во контролирањето на телесната тежина туку и во превенцијата од ненадејни мозочни удари.
Вашиот избор на храна може да го намали ризикот од зголемен холестерол во артериите, а токму тие се главната причина за срцев удар, советуваат лекарите. Здравата исхрана може да ве заштити од мозочен, но и од срцев удар. Тогаш како да го направите вистинскиот избор на храна и да го намалите ризикот од мозочен удар?
1. Јадете повеќе овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се добро решение за редуцирање на холестерол и „лошите“ маснотии, а, сепак, прават да се чувствувате сити. Сепак, дел од оброците кои ги купувате готови може да ве измамат. Салата нарачана во ресторан освен зеленчук има и месо, полномасно сирење и додатоци како мајонез или кечап. Токму оваа салата содржи големи количества калории, маснотии и сол, што може да го зголемат ризикот од мозочен удар.
2. Избегнувајте храна со многу холестерол како црвено месо, пржени јадења и путер
Пржената храна заменете ја со печена, варена или готвена на пареа. Не додавајте сос со многу крем во секое јадење, а белото месо е одлична замена за црвеното месо.
3. Јадете храна богата со омега 3 масни киселини, кои се докажани за превенција на мозочен удар
Најздравата верзија на масти – полинезаситените масни киселини , што го зголемуваат нивото на добар холестерол, а можете да ги најдете во рибата, јајцата и ленено семе.
4. Лимитирајте ја количината на алкохол
Алкохолот може да го зголеми крвниот притисок, што е главен фактор за појава на мозочен удар, советуваат докторите. Тие препорачуваат две чаши алкохол дневно за мажите и една чаша за жените.
5. Не солете често!
Намалете ја употреба на сол при готвењето и обидете се да не го допирате солилото додека јадете. Солта заменете ја со зачини кои го засилуваат природниот вкус на храната, без притоа да го зголемат крвниот притисок.