Храна која создава главоболки

Дали сте знаеле дека причина за главоболка може да биде и одреден вид храна? Понекогаш главоболките можат да бидат толку јаки и интензивни, па ќе мора да се откажете од секојдневните активности да останете дома. Причина за главоболка може да бидат одредени видови храна и пијалаци кои содржат посебни состојки како што се тирамин и деривати на глутаминска киселина. Овие состојки кај луѓето кои се склони кон главоболка може да предизвикаат ненадејни напади. Вакви состојки има во силното ферментирано сирење, црвеното вино,  понекогаш чоколадата, сувото овошје и белото вино. Дополнителна причина за главоболка може да биде и доколку нив ги консумирате во лето, кога е многу жешко. Освен набројаните видови храна, главоболка може да се појави и од млекото, јајцата и аперитивите.

Премногу зачинетата храна, сосовите од соја и коцките за супа содржат зголемена концентрација на натриумов глутаминат, кој е причина за главоболка.

Понекогаш ниту сладоледите ниту пијалаците не се сосема безбедни од причина што кај некои луѓе непцето во устата им е многу чувствително. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од ладните пијалаци или сладолед, туку треба да ги консумирате бавно кога малку ќе се стоплат/стопат.   

Затоа се препорачува лицата кои страдаат од чести напади на главоболка да направат испитувања дали се алергични на одреден вид храна. Доколку тестот е позитивен, едноставно ќе дојдете до решение – исфрлете ја од исхраната храната на која сте алергични и главоболките ќе исчезнат.

И доколку мислите дека ги набројавме сите видови  храна и сега немате што да јадете не е така. Постојат продукти кои можат да го ублажат нападот на болка. Доколку болката е предизвикана од хормонални промени и се јавува пред менструација, добри се сите продукти со магнезиум. Може да јадете интегрален леб, ориз, пченични никулци, салата со мешункаст зеленчук, банани, боровинки. Можете да се напиете и шолја чај или кафе, но внимавајте да не претерате.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!