Храната игра клучна улога за менталното и физичкото здравје на децата


Секое дете ја носи семејната генетика во себе. Ако мајката или таткото, а понекогаш и обајцата, имаат некоја генетска мутација, постои можност слична состојба да се појави и кај децата. На пример, идентификувани се преку 103 гена за коишто се смета дека предизвикуваат аутизам. Она што најмногу привлекува внимание се некои генетски мутации кои се идентификувани само кај детето, но не и кај другите членови на семејството, што значи дека се стекнати.

sistina

Секое дете ја носи семејната генетика во себе. Ако мајката или таткото, а понекогаш и обајцата, имаат некоја генетска мутација, постои можност слична состојба да се појави и кај децата. На пример, идентификувани се преку 103 гена за коишто се смета дека предизвикуваат аутизам. Она што најмногу привлекува внимание се некои генетски мутации кои се идентификувани само кај детето, но не и кај другите членови на семејството, што значи дека се стекнати.

Очигледно е дека факторите за ова лежат во животната средина, а кога станува збор за деца, на прво место е неправилната исхрана.

ШТЕТНОСТА НА “,,БРЗАТА ХРАНА,,”

Дневната исхрана на многу деца содржи големи количини на шеќер, рафиниран скроб, кола пијалоци, синтетички масла, прехранбени бои, различни адитиви и конзерванси.  Овој тип на исхрана вклучува многу високо енергетски материи, но истовремено е и дефицитарна, затоа што недостасуваат основните хранливи материи. Она што го нарекуваме “,,брза храна,,”  ,според научните истражувања на многу експерти за исхрана, нема никакви хранливи вредности. Ваквите производи се причина за промените кај децата во однос  на способноста да учат, нивната ментална состојба и однесувањето.

Слабата исхрана значи слабо здравје. Често и самите им го расипуваме и нарушуваме здравјето на своите деца сервирајќи им храна што е лесно се приготвува или се купува готова. Со ваквата исхрана внесуваме недоволно или воопшто не внесуваме материи што се важни за виталните функции на нашиот организам и мозок.

КОНЗЕРВАНСИТЕ – ФАКТОР ЗА АГРЕСИЈА

Истражувањата покажуваат дека храната што содржи конзерванси е потенцијален фактор за појавата на агресија, хиперактивност и проблеми во однесувањето на децата.

Европската унија донесе закон со кој од 15 јули, 2010 год. задолжително е на етикетата на прехранбениот производ да се наведе присуството на азо бои, растворувачи, тешки метали и материи што ја нарушуваат работата на ендокриниот систем. Откако некои научни публикации понудија докази дека посебно прехранбените бои кои ги носат ознаките Е-102, Е-104, Е-110, Е-122, Е-124 и Е-129 предизвикуваат нарушување на вниманието и хиперактивност кај децата, на етикетите на производите што ги содржат овие состојки мора да се напишат и последиците од нивното конзумирање.

Најчесто во храната се додава желатинот, којшто е поевтин од другите хемикалии, а се прилагодува на нивната конзистентност и боја и влегува во составот на вештачките засладувачи и различни хемикалии што се користат за подобрување на вкусот на прехранбените артикли.

ПОГОЛЕМИ ПЛОДОВИ – ПОМАЛКУ ВИТАМИНИ

Употребата на згуснувачи како што е пченкарниот скроб при производството на кисело млеко со ниска масленост или вештачки засладувачи и слични додатоци значи и помала хранливост на прехранбените производи. За да се продолжи рокот на траење на едно природно пробиотичко кисело млеко, се додаваат конзерванси коишто ја уништуваат пробиотичката карактеристика, којашто е многу важна за нашиот дигестивен и имунолошки систем.

При производството на готова храна се користат материи за кои е докажано дека се многу штетни за нашето здравје, но се употребуваат затоа што се евтини: хидрогенизирани масти, конзерванси, кожа и коски во прав и други слични материи.

На местата каде што се продава брза храна се користат растителни масла за готвење на висока температура и при овој процес се ослободуваат штетни масни киселини.

Сè повеќе луѓе купуваат намирници од супермаркетите, при што ги бираат поголемите плодови овошје или зеленчук. Најчесто ова значи “,,послаба количина витамини и минерали,,”, како и ,,”тотално отсуство на потребниот хормон”,,. Во последно време на ова се додадоа и генетички изменетите растенија и животни.

ПРЕМНОГУ ШЕЌЕР – ОПАСНОСТ ЗА МОЗОКОТ

Повеќето од вештачките засладувачи се произведуваат од синтетички хемикалии. Иако додадените вкусови и мириси се толку слични на природните што не можат да се разликуваат, сепак, тие не се природни.

При производството на овошни сокови и газирани пијалоци кои се присутни на светскиот пазар генерално се употребуваат големи количини шеќер. Нема хранлива вредност, но дава многу енергија. На пример, во едно пакување од 330 мл кола има
25 гр шеќер. Ако нема шеќер, тогаш има вештачки засладувачи. За нив е докажано дека се посебно штетни за децата. Нивната редовна употреба може да доведе до значително намалување на нивото на минерали во организмот.

Нашите деца се можеби зависни од храна што содржи шеќер и скроб. Премногу производи со рафиниран шеќер и скроб можат да му нанесат голема штета на мозокот, дигестивниот и имунолошкиот систем кај децата. Како резултат на ова може да дојде до различни нарушувања, како што се проблеми во менталната состојба, проблеми при учењето, проблеми во однесувањето. Покрај ова, хранејќи ги лошите бактерии во цревата, се отвора пат кон нарушување на цревната флора. Се нарушува проодноста на цревата и се јавуваат проблеми при ресорпцијата на витамините и минералите што се важни за нашиот организам. На овој начин се нарушува биохемијата на телото и слабее дигестивниот систем.

КОРИСНОСТА НА ОМЕГА-3 

Денешните деца, на место храна приготвена со природни масла, како што е ладно цеденото маслиново масло, конзумираат производи што содржат или се приготвени со лоши масти, како што се хидрогенизираните растителни масти и рафинирани масла.

Сé повеќе се конзумираат готови колачи, торти, слатки, бисквити и слични производи коишто поминале низ повеќе фази на обработка. Меѓутоа, за развој на мозокот и негово правилно функционирање потребни се есенцијални масла, како што се омега-3 и омега-6. Тие не ги произведува нашиот организам и мораме да ги внесуваме преку исхраната.

Најдобар извор на есенцијалните масла се морските плодови. Меѓутоа, сé поголемото загадување на морињата во последните 20 години претставува пречка за директно користење на овој извор на исхрана. Наместо ова, мора да се настојува да се користи рибино масло што е прочистено од тешки метали. 

Последните истражувања покажуваат дека, за здравата состојба на дигестивниот систем, срцето и мозокот, на децата во исхраната треба да им се додава омега-3, што помага во надминувањето на проблемите со читањето, пишувањето, вниманието, помнењето. Значајно подобрување се постигнува кај проблемите во однесувањето со кое децата си наштетуваат и себеси и на околината.

СТОП ЗА ПРОИЗВОДИ СО БОИ И ХОРМОНИ

Храната и навиките во поглед на исхраната кај повеќето деца имаат клучна улога за менталното и физичкото здравје. Затоа, за да им го сочуваме физичкото и менталното здравје, треба да бидеме многу внимателни и да се информираме во врска со производите што ги користиме за нивната исхрана. Исто така важно е во какви услови се чуваат намирниците, а многу важно е и во што се спакувани ( пластични шишиња и друга пластична амбалажа).

Треба колку што е можно повеќе да се вложи напор да се користат природни производи, со што подолг рок на траење, да се избегнуваат производи што содржат бои, антибиотици, хормони, згуснувачи и други адитиви. Ова мораме да го направиме за следните генерации.

Во многу блиска иднина во нашата земја нема да бидат болестите нема да бидат во прв план, туку индивидуалниот третман на секој пациент и ќе се дава приоритет на влијанието на храната на нашите гени (Нутри-Геномицс). Благодарение на овој пристап ќе може да се премости појавата на мутирани гени. Така многу болести што се поврзани со стекнати генетски мутации делумно или целосно ќе бидат искоренети.

ИСФРЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ!

Сетете се дека до пред неколку векови рафинираниот шеќер воопшто не бил присутен во нашите животи. Сé уште не бил откриен. Значи, во текот на изминатите пет илјади години шеќерот не бил потребен во животот на човекот. Ако е така, исфрлањето на оваа лоша навика воопшто нема да доведе до некаков недостаток. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!