Доколку имате дијабетес сигурно знаете колку лесно можете да ги повредите вашите стапала – без да сте свесни за тоа. Повредата на нервите кај заболените од дијабетес може да предизвика вкочанетост во вашите екстремитети и кога нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми, се намалува способноста на телото да се бори против инфекција или да ја излекува раната. Доколку не ја забележите повредата и навремено не ја третирате, раната на стапалото кај луѓето заболени од дијабетес може да предизвика сериозни медицински проблеми.
Ова се пет начини како да се грижите за вашите стапала, а со тоа да го намалите ризикот од повреда, но и што да преземете доколку се повредите.
1. Правете секојдневни прегледи на кожата
Допирајте ги и проверувајте ги вашите стапала секојдневно. Проверете да не постои исеченица, модринка, потекувања или повредени места. Доколку забележите исеченица, третирајте ја со вода и обичен сапун, и преврзете ја ногата со сува преврска. Доколку имате проблеми со видот и не можете да направите проверката на вашите стапала, побарајте некој член од семејството да ви помогне.
2. Водете грижа за личната хигиена и носете удобни чевли
Мијте ги нозете секој ден со топла вода. Исушете ги внимателно, особено помеѓу прстите каде може да се развие влага. Нанесувајте лосион, но внимавајте местото помеѓу прстите да е суво. Носете удобни чевли и чисти чорапи кои би можеле да ја иритираат вашата кожа и да предизвикаат чувство на непријатност.
3. Никогаш не одете боси
За време на летото сигурно ќе посакате да одите боси, но доколку имате дијабетес дури и мала повреда како боцнат прст може да доведе до чир на стапалото и други компликации. Имајте влечки веднаш до креветот и никогаш не одете боси.
4. Контролирајте го шеќерот
Слушајте ги советите од вашиот доктор и секогаш контролирајте го нивото на шеќер во крвта. За да го одржите препорачаното ниво на шеќер, следете го вашиот план за исхрана кој ви го препорачал докторот, внимавајте во исхраната да не внесувате многу храна богата со јаглехидрати и доколку земате лекови за дијабетес, бидете редовни.
5. Веднаш третирајте ги повредите на стапалата
Доколку имате повреда на стапалото, брзата и навремена интервенција е многу битна. Исчистете ја раната со сапун и вода и покријте ја со завој или преврска. Доколку не забележите подобрување по еден ден, контактирајте го вашиот доктор. Не се обидувајте сами да ја третирате повредата или да користите лекови на своја рака бидејќи истите може да предизвикаат чувство на печење и иритација кај луѓе со дијабетес.
Кај пациентите со дијабетес, доколку инфекцијата не се третира брзо, ќе имате потреба од орални антибиотици, а доколку повредата е сериозна, може да има потреба од болничко лекување или хируршка интервенција. Во најлош случај, нелекуваните инфекции на стапалото може да доведат до ампутација.