Имате главоболка, можеби се синусите

Синусите се коскени шуплини лоцирани помеѓу коските на лицето (фронтален синус, максиларен, етмоидален и сфеноидален). Најчеста причина за воспаление на синусите се инфекции или алергиска реакција. Кога синусите се воспалени тие создаваат повеќе слуз со што доаѓа до затнување на одводните канали поврзани со носната празнина. Зголемениот притисок во синусите предизвикува болка која се чувствува како  главоболка.

Симптоми

Најчесто пациентите чувствуваат длабока и долготрајна болка во челото, јаболчниците и кај носната коска помеѓу очите. Болката се зголемува при нагло поместување на главата, вртење странично, а посебно се зголемува доколку ја наведнете глава надолу. Покрај ова, други придружни симптоми се:

  • Течење на носот
  • Чувство на притисок во ушите
  • Треска
  • Оток околу очите

Но, не секоја главоболка се јавува поради воспаление на синусите. Доколку станува збор за често повторувачки главоболки во вид на мигрена, тогаш синусите не се во прашање.

За целосна и детална дијагноза, понекогаш е потребна и рендген снимка на синусите, како и магнетна резонанса или компјутерска томографија.

Третман

Целта на лекувањето е да се олеснат симптомите и да се лекува воспалението или алергиската реакција. Покрај препишаната терапија од вашиот лекар, може да ви помогне и инхалација и спреј за локална употреба. Поради силната болка, заедно со антибиотиците се препишува и аналгетик, а во случај болката и воспалението да не поминуваат се препишуваат и кортикостероиди.

Доколку затнатоста на синусите не е предизвикана од воспаление или алергија, тогаш друга причина за ваквата состојба може да бидат полипи кои бараат хируршко отстранување.

Секое воспаление треба да се сфати сериозно и да се побара мислење од стручно лице. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!