Интензивна нега – шанса за живот за критични пациенти

Одделот за интензивна нега е еден од најважните сегменти во една современа и голема болница како што е Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На Одделот за интензивна нега се третираат пациенти кои имаат болести, повреди или компликации кои се опасни по нивниот живот. Оваа специфично организирана единица е екипирана со специјален тим на високо обучени и диференцирани професионалци кои постојано, 24/7, го следат пациентот и во секој момент се подготвени да го спасат животот на критично болниот.

Одделот за интензивна нега е еден од најважните сегменти во една современа и голема болница како што е Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На Одделот за интензивна нега се третираат пациенти кои имаат болести, повреди или компликации кои се опасни по нивниот живот. Оваа специфично организирана единица е екипирана со специјален тим на високо обучени и диференцирани професионалци кои постојано, 24/7, го следат пациентот и во секој момент се подготвени да го спасат животот на критично болниот.

Континуирано следење на сите витални функции

Д-р Наталија Чакар Георгиевска, анестезиолог, објаснува дека пациентите во Одделот за интензивна нега мора постојано да бидат мониторирани. „Самиот збор мониторинг означува следење, набљудување на витални параметри, односно постојано следење на крвниот притисок, ЕКГ, температура, како и следење на заситеноста на крвта со кисолород, т.н. сатурација на кислород. Покрај деноноќно следење на овие параметри, се следи и целокупниот внес на течности, целокупната диуреза, односно количината на урина за 24 часа. Исто така, во зависност од состојбата на пациентот, се следат и други параметри.“

Мултидициплинарен пристап

Одделот за интензивна нега е воден од професионален и искусен доктор анестезиолог, реаниматолог, а во тимот се вклучени специјално едуцирани и искусни медицински сестри. Бидејќи овие пациенти имаат заболувања или состојби на повеќе органи, задолжителен дел од тимот се и специјалисти од повеќе области, како: кардиолог, нефролог, невролог, трансфузиолог, ендокринолог, микробиолог и нутриционист. Целиот овој тим се грижи да го одржи во живот пациентот и да го излекува. „Добрата екипираност од повеќе специјалисти е еден од најважните сегменти за да ги исполните сите светски критериуми за современо интензивно лекување. Мултидисциплинарниот пристап, каде се вклучени повеќе специјалисти овозможува повисок процент на излекувани пациенти, а со тоа и помала смртност. Овој пристап веќе со години го применуваме на Одделот за интензивна нега во ‘Аџибадем Систина’, каде бројките покажуваат нагорна линија на успешно третирани пациенти“, објаснува д-р Чакар.

Строги протоколи на работа

Медицинската опрема која се користи во единиците за интензивно лекување е најсовремена и скапа, оттука и самото лекување во овие единици каде се одржува и спасува нечиј живот бара повеќе финансиски средства. Во оваа единица ќе сретнете најсовремена апаратура за мониторинг на виталните функции, респиратори кои помагаат во одржувањето на дишната функција, машини за дијализа, дефибрилатори до специјални водени кревети и воздушни душеци. „Бројните апарати кои се користат во интензивна нега може да бидат застрашувачки за пациентот и неговите блиски, но тие се неопходни за одржувањето во живот на критично болните. На овој оддел секојдневно може да се види колку напредната технологија во медицината може да стори за да се спаси човечки живот“, објаснува д-р Чакар, која потенцира дека покрај опремата важен сегмент е и спроведување строги протоколи на работа, кои пред сè се однесуваат на намалување и спречување на ширењето на интрахоспитални инфекции.

Поддршка од најблиските, дел од третманот

„За овие пациенти многу е важна поддршката од фамилијата, особено кога при посетата ќе го слушнат нивниот глас или ќе го почувствуваат нивниот допир. Важно е пациентите и нивните најблиски континуирано да се информираат за состојбата и текот на лекувањето, а, секако, и за продолжувањето на лекувањето дома, по испишување од болница. Секој пациент по напуштање на Одделот за интензивна нега се подготвува и едуцира во однос на домашното лекување: кои лекови да ги прима, во која доза, на кој начин и во кое време да ги зема, каква диета треба да применува, како да се справи со болката, како да ги негува сопствените рани, како да се заштитат од инфекција, кои вежби треба да се практикуваат во текот на заздравувањето или како да ги користат помагалата за рехабилитација.“

Кои болести се третираат во интензивна нега?

 Интензивната нега е гранка на медицината што се за- нимава со дијагноза и управување со состојби кои се опасни по живот. Тука спаѓаат пациенти кои имаат сериозни повреди, како политраума, каде се повредени повеќе органи и системи, со опструирани дишни патишта, повреди на граден кош со сериски фрактури на ребра, акутно бубрежно затајување, потенцијално смртоносни срцеви аритмии, кумулативните ефекти на откажување на повеќе органи по сериозни инфекции кои се нарекуваат сепса. Исто така, интензивна нега се спроведува по голема операција кога се смета дека пациентот е премногу нестабилен.

Превенција од интрахоспитални инфекции

Одделот за интензивно лекување во „Аџибадем Систина“ е организиран во 9 посебни боксови во кои се спроведува високо специјализиран и софистициран мониторинг и лекување. Според официјалните статистики, ваквиот систем овозможува намалу- вање на ризикот од појава на интрахоспитални инфекции, кои претставуваат најголема закана по здравјето, во услови кога општата здравствена состојба на пациентите е критична. Во рамките на Одделот за интензивна има и специјална соба со систем за негативен притисок. Оваа соба е наменета за изолација на специфични пациенти кои се инфективни, и претставуваат опасност од ширење инфекции.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!