Во рок од 48 часа го дијагностицираме ракот на простата – Интервју на др.Александар Мицковски во денешниот број на Дневник

Иако им е полесно да кажат дека биле на хирург отколку на уролог, современите мажи стануваат сè посвесни за важноста на уролошкиот преглед и последниве години сè повеќе мажи доаѓаат на превентивни прегледи во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, каде што за само 48 часа некој може да дознае дали е болен од карцином на простатата, да ја провери плодноста или дали е инфициран од некоја сексуално пренослива инфекција, па до современ третман на сите уролошки заболувања.

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог во „Аџибадем Систина“ алармира дека овие болести кај мажите се во пораст, па затоа тие редовно треба да го посетуваат својот уролог. 

Иако им е полесно да кажат дека биле на хирург отколку на уролог, современите мажи стануваат сè посвесни за важноста на уролошкиот преглед и последниве години сè повеќе мажи доаѓаат на превентивни прегледи во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, каде што за само 48 часа некој може да дознае дали е болен од карцином на простатата, да ја провери плодноста или дали е инфициран од некоја сексуално пренослива инфекција, па до современ третман на сите уролошки заболувања.

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог во „Аџибадем Систина“ алармира дека овие болести кај мажите се во пораст, па затоа тие редовно треба да го посетуваат својот уролог. 

– Многу е жално, особено за карциномите на урогениталниот тракт, кои многу лесно може да се дијагностицираат и да се лекуваат, а имаме многу пациенти откриени во напреднат стадиум кога лекувањето не може да помогне, вели д-р Мицковски. 

Проверка и на плодноста 

Kои се најчестите уролошки болести и проблеми и кога мажите да се јават на уролог? 

– Мажите редовно и на секоја возраст треба да го посетуваат својот уролог. Најопасната болест на возраст од 15 до 30 години е карциномот на тестисите. Се работи за млади мажи кои потенцијално имаат реална шанса да бидат излекувани ако карциномот се открие навреме со многу едноставна дијагностичка процедура – преглед од уролог, лабораторија со тумор-маркери и ЕХО-колор доплер на тестисите. 

Чест проблем на оваа возраст се и сексуално преносливите инфекции. Нашата болница располага со современа микробиолошка лабораторија во која сите можни инфективни агенси може да се дијагностицираат, потврдат и да се лекуваат според светски протоколи. 

Друг проблем е плодноста, а важно е што сите причинители може да се откријат на оваа возраст и да се третираат, за навремено да се спречи неплодноста. Честа појава што влијае на плодноста е варикоцелата, која кај многу мажи не дава симптоми, но ја намалува плодноста, а доколку се открие навреме, многу лесно се лекува со едноставна хируршка интервенција. Многу е подобро мажите пред стапување во брак со едноставен уролошки преглед да ја проверат својата плодност за потоа да немаат проблеми. 

Kоја е причината за еректилната дисфункција кај помладите мажи? 

– Има многу случаи и на еректилната дисфункција, која на оваа возраст најчесто е од психогена природа (ако се исклучи дијабетес, невролошки испади, хормонски дебаланс и др). Најголем процент се млади момчиња кои немаат ерекција поради психичка траума. Најчесто станува збор за нереализиран сексуален однос, некоректно однесување од некоја девојка кое остава долготрајни последици кај момчето. Тие се затвораат психички, па ова им станува реален проблем. Денес постојат модерни протоколи на лекување и многу брзо овие пациенти излегуваат од затворениот круг што самите го создале. 

Само локална анестезија 

Kои новини се достапни на одделот за урологија и која е предноста на новиот цитоскоп? 

– Имаме најсовремени апарати, почнувајќи од флексибилен цистоскоп за безболна цистоскопија. За разлика од ригидниот апарат, каде што мора да биде употребена анестезија, на новиот цистоскоп се употребува само локална гел-анестезија, а дава исти резултати како и класична цистоскопија. 

Самата трансректална ултрасонографски водена биопсија на простатата служи за рано откривање карциноми и овозможува на докторот прецизно да ја земе биопсијата од местото каде што има промени и да се добие точна дијагноза. 

Со современите ЕХО-апарати се овозможува веднаш да се откријат и најмалите промени на тестисите, простатата, мочниот меур или бубрегот. Ултразвукот во урологијата има огромна предност, особено со новите апарати и модалитетите што тие ги овозможуваат за реконструкција на самите слики, што има огромна улога во раното откривање на кој било тумор во кој било уролошки орган. Сите современи техники за оперирање на простатата се воведени во Kлиничката болница „Аџибадем Систин
а“. Лапароскопијата се врши низ мали резови во стомакот, а ендоскопијата е процедура каде што за пристап се искористени природните отвори на човечкото тело (уретрата, ректумот). Преку уретрата ги изведуваме речиси сите операции (простата, мочен меур, ендоскопско кршење камења во мочниот меур, во уретрата), а тоа има огромна предност за пациентот зашто нема рез, а помали се и шансите за инфекции и постоперативни компликации. А болничкиот престој е ден-два. Машката неплодност и еректилната дисфункција ја следиме со најсовремени протоколи и секогаш сме во тек. Kај мажи кај кои се искористени сите можности за лекување, вградуваме пенилни протези, со кои трајно се решава проблемот на еректилна дисфункција.

МОРА ДА ГО УБЕДИТЕ ПАЦИЕНТОТ ДЕКА ПРОБЛЕМИТЕ ОСТАНУВААТ ВО ОРДИНАЦИЈАТА

– Kога ќе се спомене уролог, мажите го поврзуваат со својата интима и затоа тоа за нив претставува еден вид стрес. Тие се многу чувствителни кога ќе се спомне името уролог. Жените се послободни да зборуваат за својата интима, а мажите се посуетни и не сакаат отворено да зборуваат. Затоа ние уролозите мора да им пристапиме со исклучително внимание за да се изгради доверба. Мора да го убедите пациентот да ги каже проблемите и дека тоа останува во ординацијата со што му се гарантира приватноста. Најчесто по прегледот мажите не го споменуваат зборот уролог, полесно им е да кажат дека биле на хирург.

ЗГОЛЕМЕНАТА ПРОСТАТА НАЈЧЕСТ ПРОБЛЕМ КАЈ ПОСТАРИТЕ ОД 40 ГОДИНИ

– Мажите над 40 години најчесто имаат проблем со зголемување на простатата и раниот карцином на простатата. Најновите истражувања велат дека скринингот и раното откривање на ракот на простатата треба да почне од 40 година бидејќи првите промени се откриваат преку едноставен лабораториски тест – ПСА – и со ректален преглед. Простата е единствен орган во нашето тело кој можеме да го допреме и да видиме какви промени се случуваат – преку дебелото црево можеме да ја прегледаме оваа жлезда и рано да ги откриеме сите промени во нејзиниот состав. При овој преглед многу ни помага и ултрасонографијата, особено доплер ултрасонографијата со која секоја зголемена васкуларизација на некој ран туморски процес се детектира и во најрана фаза. Ако има промени, се прави биопсија да се открие дали има тумор. Kај нас биопсијата се изведува со ултрасонографија, доплер сонда. Со неа директно се гледа простатата, нејзината васкуларизација и се гледа каде е јазолот, се земаат парчиња од тоа место и истите ги анализира тимот од патохистолошката лабораторија. Во рок од 48 часа имаме дијагноза дали е карцином на простата или не. Ова е светски протокол за рано откривање на карциномот на простатата, кој, за жал, е во огромен пораст, а многу лесно се лекува ако навреме се открие.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!