Тајната на оваа салата е во маслото од гроздови семки. Доколку не можете да најдете од ова масло тогаш добра алтернатива би било маслиновото масло. Подготовката за оваа салата не трае повеќе од 15 минути.
Потребни состојки:
– Неколку исечкани листови марула
– Неколку исецкани листови рукола
– Неколку исецкани листови црвена зелка
– ¼ шоља сечкан зелен кромид
– ½ шоља црвена пиперка исецкана во вид на прстени
– ½ шоља зелена пиперка исецкана на прстени
– 12 чери домати
– ¼ масло од гроздово семе или маслиново масло
– 2 лажици сецкан свеж босилек
– ¼ шоља балзамиран оцет
– 2 лажици лимонов сок
– Сол и црвен пипер по вкус
Начин на подготовка:
Во длабока чинија измешајте ги сите листови од салати, црвената и зелената пиперка и чери доматите. Потоа,во друга чинија измешајте ги маслото од гроздови семки (маслиновото масло), босилекот, оцетот, сокот од лимон, солта и црвениот пипер. На крајот полеј те го овој сос врз салатата и сервирајте веднаш.