Секој од нас се сеќава на омилениот пијалак од детството, шолја млеко помешано со какао. Но, доколку ги знаеме здравствените придобивки на какаото повторно ќе го ставиме на нашето мени. Ова се позитивните страни, но и состојките кои ги содржи какаото.
Позитивни страни на какаото:
– Го штити организмот од слободните радикали
– Го намалува стресот и депресијата
– Нè штити од болестите на срцето и крвните садови
– Штити од карцином
– Одличен извор на железо
– Го регулира нивото на шеќер и холестерол
– Го поттикнува помнењето и концентрацијата
– Ја намалува можноста од појава на срцев удар
– Помага во регулирање на срцев удар
Какаото содржи:
– Теобромин – состојка многу слична на кофеинот
– Повеќе од 300 хемиски материи кои позитивно влијаат врз здравјето
– Богатство на антиоксиданси кои се одговорни за целото здравје на телото бидејќи го штитат од болести и слободните радикали, кои се главна причина за стареење. Какаото е состојка која содржи најмногу антиоксиданси во однос на која било друга храна.
– Богатство на минерали кои помагаат во борбата против стресот. Изобилува со магнезиум, кој е одговорен за околу 300 процеси во телото. Освен магнезиум има и железо, цинк витамин Ц
– Серотонин и допамин – хормони на среќа
– Омега 6 масни киселини кои се храна на мозокот и помагаат за целокупно функционирање на организмот
Во минатото какаото го сметале за храна на боговите – па нека храната на боговите биде и ваша!