Како да ги победите есенските алергии?

Кога станува збор за алергиите луѓето најчесто мислат дека тие се актуелни само во пролетните денови, но не е така. Во есенските месеци доаѓа до интензивирање на симптомите на целогодишните алергии. Најчесто станува збор за паразитите кои живеат во домашниот прав и алергиите од мувлата. За најчестите симптоми кои се појавуваат со есенските алергии, но и за третманот кај овие пациенти разговаравме со доктор Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Кога станува збор за алергиите луѓето најчесто мислат дека тие се актуелни само во пролетните денови, но не е така. Во есенските месеци доаѓа до интензивирање на симптомите на целогодишните алергии. Најчесто станува збор за паразитите кои живеат во домашниот прав и алергиите од мувлата. За најчестите симптоми кои се појавуваат со есенските алергии, но и за третманот кај овие пациенти разговаравме со доктор Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Најчести симптоми на есенските алергии

Симптомите на есенските алергии се исти како за секоја алергија, во зависност од тоа кој орган е нападнат. Најчесто на удар се носот, очите, кожата или респираторниот систем. Ако се работи за очи, се појавува црвенило, чешање, солзење, пречи сончевата светлина, па дури и болка во очите. Симптомите во носот се затнатост, течење на носот, кивање, чешање, а, пак, кога се работи за белите дробови обично е поврзано со симптоми на астма што е поврзана со алергија предизвикана од алергени. Кожните реакции, пак, се поврзуваат со алергиски дерматит. Интензитетот на симптомите е индивидуален, зависи од тоа колку е алергична личноста која е изложена на овие алергени.

Избегнувајте прошетки во шума

Обично во есенскиот период луѓето кои имаат алергија на мувла кога се шетаат по листопадна шума каде што има гниење на паднатите лисја можат да добијат алергиски напад со очна или носна реакција. Овие реакции доведуваат до напад на астма. Затоа на овие луѓе им се препорачува во периодот на гниење на лисјата да избегнуваат  прошетки на отворено бидејќи можат да бидат експонирани на овој алерген.

Во секој случај, останува дека алергиите денес во светот се една од најскапите болести, не поради тоа што чини кај поединците многу туку поради тоа што секој петти жител на планетата има алергија. Се смета дека во наредните 50 години алергиите ќе бидат уште поскапа болест затоа што влегуваме во епидемија од алергиски заболувања.

Многу е битно тоа што алергиите се болести поради кои најчесто се отсуствува од работно место или училиште и го нарушува секојдневието на пациентот. Затоа некогаш е потребен подолг временски период за да сфатат за што се работи.

Третман на есенските алергии  

Значењето за третманот на алергиите е токму раното откривање и препознавање на симптомите. Советуваме да не се чека со години бидејќи една личност која е алергична на еден алерген со текот на времето може да стане алергична на повеќе алергени. 

Терапијата е поделена на три дела – едниот дел се препорачува кога пациентот ќе дознае на што е алергичен. Најчесто луѓето се алергични на аероалергените кои се наоѓаат во воздухот, па се советуваат да ги избегнуваат овие места. Покрај изолација и тргање од алергените, терапијата се дели на симптоматска (која ги отстранува симптомите – антихистаминици, носни или очни кортикостероиди), но кога ќе  престанете со нивна употреба престанува и влијанието врз симптомите и тие повторно се манифестираат. Единствено нешто кое може да го промени текот на алергијата е имунотерапијата – десензибилизацијата или популарно кажано давање  вакцини против алергии.

Посетете алерголог

Кога ќе се забележат повторувачки симптоми на чешање на очите, црвенило, кога сончевата светлина пречи или ако носот е често затнат или тече, стегања во градите, да се отиде веднаш на лекар за навремено да биде препознаена алергијата. Алергологот ќе одреди дали сте за имунотерапија која определен период ќе  овозможи алергијата да се намали или изгуби. Имунотерапијата, исто така, ќе му овозможи на пациентот да не добива алергии на алергени и никогаш да не добие алергиска астма. Не плашете се, имунотерапијата не го менува имуниот систем за другите нешта освен за она на што пациентот е алергичен.

Есенските алергии се детектираат со prick тестови и потврда за назална провокација. Пред да се почне со имунотерапија треба да се направи назална провокација. Оваа постапка се изведува на тој начин што алергенот се аплицира како спреј во носот, а претходно се врши мерење колку воздух издувува пациентот. Ако пациентот е навистина алергичен, носот се затнува и протокот на воздухот е ограничен. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!