Како да ја намалите болката во грбот

Подобрете го начинот на спиење

Болките во грбот знаат да бидат причина плус за потешкотиите што ги имате за време на спиењето. Тоа е еден круг, бидејќи ако не спиете доволно во текот на ноќта, болката во грбот ќе се интензивира во текот на денот. Затоа, потрудете се да спиете легнати на страна, а меѓу нозете поставете перници за да го задржите `рбетот во природна позиција. Ако спиете на грб, ставете перници под колената. Од голема важност е да спиете на удобен и анатомски душек.

Не седите долго време пред компјутер

Долгото седење пред мониторот знае да ја влоши и така незгодната болка во грбот. Затоа, потрудете се да направите пауза и да го исправите телото. Исто така, многу е важно кога веќе сте седнати пред компјутерот правилно да го држите телото. Не се наведнувајте премногу кон тастатурата, седете исправено, опуштете ги рамената и потпрете го телото на столот. Нозете поставете ги на подот.

Консултирајте се со терапевт по физикална медицина

Со цел да ја намалите болката во грбот консултирајте се со терапевт по физикална медицина. Тој ќе ви објасни како правилно да седите, стоите и да се движите така што `рбетот ќе заземе позиција што нема да предизвикува дополнителна болка. Ќе ви препорача посебни вежби за јакнење на мускулите кои даваат поддршка на грбот. Истражувањата покажуваат дека јакнењето на мускулите значително помага во намалување на болката, но потребно е време.

И лежењето знае да биде болно

И покрај тоа што лекарите препорачуваат одмор, не лежите предолго во кревет. Тоа е најлошото нешто што можете да направите. Од големо значење е да станете и полека да почнете да се движите. Докажано е дека вежбањето е еден од најефективните начини да се ослободите од болката за кратко време. Пробајте со пливање, пешачење или вежбајте јога.

Ставајте ладни/топли облоги

Ладните облоги на болните места на грбот може да ја намалат болката. Поставете облоги 20 минути на болното место. По неколку дена, ставајте топли облоги. Топлите облоги помагаат да се опуштат мускулите и да се забрза протокот на крв. Многу може да помогне и топлата бања за релаксирање.

Масажа

Истражувањата покажаа дека една масажа неделно може да даде одлични резултати кај хроничната болка, секако доколку ја практикувате неколку недели по ред. Внимавајте, масажата треба да биде изведена од страна на стручен физиотерапевт со цел да избегнете дополнителни проблеми.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!